Останато
Продолжуваат маките на Android со банкарски малвер


Google отстрани од Play Store нови 36 апликации кои биле заразени со малициозен софтвер наменет за кражба на податоци за злоупотреба на банкарски сметки.
Според истражувањето на Lookout и Promon активен бил нов вирус кој прави неколку вида на злоупотреби на смартфонот со тоа што се маскира како легитимна апликација. Потоа презема контрола над мултитаскингот и во позадина ги извршува сите операции под назив на друга веќе доверлива апликација.
Секако за овој малвер да се активира потребна е согласност од страна на корисникот, но со оглед на тоа колку добро е маскиран дури и напредни корисници не би биле воопшто сомничави дека се работи за потенцијална опасност.
Проблемите ги предизвикал вирусот BankBot кој е активен од 2017 година и постојано се обидува да се инфилтрира во PlayStore токму користејќи ја функцијата за мултитаскинг TaskAffinity.
Токму оваа слабост треба да биде надмината во следната безбедноста надградба на Google, па затоа штом добиете известување на вашиот смартфон веднаш треба да ја инсталирате за да бидете сигурни.
Останато
Во последниот квартал од 2020 година имало 151.972 невработени од вкупно 941.524 активни лица


Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 941.524 лица, од кои вработени биле 789.552, а 151.972 лица се невработени. (more…)
Останато
Потребно е системско поместување на роковите за финансиски извештаи по примерот на европските земји


Сметководството е врската меѓу стопанството и институциите, а од неговото непречено извршување зависат сите економски процеси. Анкетата што ја направи Комората на сметководители меѓу своите членови покажа дека речи 65 отсто од сметководителите биле заболени Ковид-19 или биле во изолација поради контакт или заболен член на семејството. Во такви услови е јасно дека не е возможно работата да се одвива непречено и повторно се поставува прашањето дали ќе се донесе разумна одлука за роковите за поднесување на завршни сметки и финансиски извештаи да се усогласат со европските држави или и понатаму ќе продолжи да се гази достоинството на оваа значајна професија и да се ризикува со добивање на податоци чиј квалитет не може да се гарантира поради условите под притисок под кои работат сметководителите. Од овие податоци во голема мера зависи креирањето на финансиските политики на национално ниво. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Анализипред 2 months
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Банкипред 2 weeks
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 2 months
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје