Connect with us

НБРМ

Продолжуваат да се намалуваат каматните стапки на кредитите, но паѓаат и на депозитите

Објавено

на

Во мај продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и се сведе на ниво од 4,56 проценти, но намалување бележи и просечната каматна стапка на вкупните депозити којашто изнесува 0,85 проценти, соопшти Народната банка.

Анализите покажуваат дека каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата забележа месечно намалување од 0,02 процентни поени и се сведе на 5,35 проценти.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,54 процентни поени на месечно ниво и изнесува 3,31 отсто. Надолната промена е резултат на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула, како и на каматните стапки на кредитите во странска валута. Во споредба со мај претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,40 процентни поени.

„Во мај, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,84 отсто што претставува месечно и годишно намалување од 0,25 процентни поени и 0,08. Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа идентичен месечен и годишен раст од 0,05 процентни поени и изнесува 0,67 отсто. Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, овој месец, забележа месечен пад од 0,02 процентни поени и изнесува 3,68 отсто. Притоа, падот произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула, во услови на минимален раст на каматните стапки на кредитите во странска валута. Анализирано на годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,29 процентни поени”, анализираат од Народната банка.

Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор во мај изнесува 1,16 проценти и во споредба со минатиот месец бележи пад од 0,03.

Месечното намалување се објаснува со намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута, при непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Споредено на годишна основа, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа намалување од 0,08 процентни поени.

„Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, оствари раст од 0,09 процентни поени и изнесува 0,74 отсто. Зголемувањето во целост се должи на растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула, во услови кога се намалени каматните стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула. На годишно ниво, оваа каматна стапка забележа раст од 0,40 процентни поени”, стои во соопштението од НБ.

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во мај забележа месечно намалување од 0,02 процентни поени. и се сведе на 5,35 проценти. Анализирано според валутната структура, намалувањето во целост е резултат на падот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула, додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута не остварија месечна промена. Во споредба со мај 2020 година, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,29 процентни поени.

„Во мај, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,61 отсто, што претставува раст од 0,12 процентни поени на месечно ниво. Нагорното поместување произлегува од зголемувањето на каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула, при остварен пад на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула. Оваа каматна стапка забележа раст од 0,18 процентни поени на годишна основа”, наведуваат од НБ.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во мај се намали за 0,05 процентни поени и се сведе на 0,82 отсто. Притоа, падот се должи на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута, додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула се непроменети. Споредено на годишна основа, каматната стапка оствари намалување од 0,26 процентни поени.

Во мај, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата изнесува 0,64 отсто, при реализиран месечен раст од 0,03 процентни поени. Овој раст во целост е резултат на зголемувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута, во услови кога не се примени денарски депозити со валутна клаузула, а остварен е пад на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е намалена за 0,27 процентни поени во однос на истиот период од претходната година.

НБРМ

Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања

Објавено

на

Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктуации како резултат на увозните цени, наведува Народната банка во објава на „Фејсбук”. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Анкета за финансиската писменост на Народната банка: Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите

Објавено

на

Околу половина од младите помеѓу 13 и 15 години сметаат дека не располагаат со доволно знаење за управувањето со парите. Најголемиот дел од нив учат за управувањето со парите од своите семејства. Од финансискиот систем, најдобро ги познаваат функциите на банкарскиот сектор и сметаат дека најдобро можат да се стекнат со финансиски знаења преку класичната настава. Ова го покажуваат резултатите од Анкетата на Народната банка спроведена во 2021 година и првата половина од 2022 година. Според наодите, Народната банка продолжува со своите едукативни активности, а воедно создава и нови алатки во форма на предавања, презентации и едукативни материјали. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во првото полугодие од 2022 година околу 1.700 ученици и наставници посетија предавања за финансиска едукација на Народната банка

Објавено

на

Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари, продолжи да работи на натамошно унапредување на  финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, како и 88 наставници и професори од основни и средни училишта. (more…)

Продолжи со читање


Популарно