Connect with us

Домашни банки

Продолжен мандатот на Хари Костов и Маја Стевкова Штериева за нови шест години на чело на Комерцијална банка

Објавено

на

Хари Костов, Претседател на Управниот одбор и Д-р Маја Стевкова Штериева, член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје и во наредните шест години ќе бидат на чело на банката.

Комерцијална банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја објави информацијата.

„Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје известува дека согласно Одлука на Надзорниот одбор на Банката и издадена согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, од денес – 24.11.2022 година продолжен е мандатот за период од шест години на постојните членови на Управниот одбор на банката – Хари Костов, Претседател на Управниот одбор и Д-р Маја Стевкова-Штериева, член на Управниот одбор“, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.

Хари Костов од 2004 година раководи со Комерцијална банка АД Скопје како Прв генерален директор, каде од 2008 година ја извршува функцијата Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор.

Д-р Маја Стевкова Штериева од 2008 година ја извршува функцијата Главен финансов директор на Комерцијална банка АД Скопје и е член на Управниот одбор.

Домашни банки

Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Објавено

на

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Популарно