Останато
Продолжен викенд и работна недела од само 4 дена станува реалност во Шпанија!?


Шпанија наскоро треба да го започне пробниот период од предложената четиридневна работна недела од страна на партијата „Más País”, и ако тестирањето помине како што треба и идејата е целосно прифатена, Шпанија може да стане прва земја во светот што ќе спроведе ваков систем на работа.
Тестирањето на овој пилот проект ќе започне на есен, ќе трае три години и во него ќе бидат вложени 50 милиони евра за да се овозможи тестирањето да помине со минимален ризик, пишува „The Guardian“.
„Со четиридневната работна недела (32 работни часа) започнуваме со вистинската дебата за нашето време. Тоа е идеја чие време дојде”, напиша Ињиго Ерехон од „Más País” на својот Твитер профил.
Партијата „Más País” се надева дека наскоро ќе ги види резултатите постигнати од шпанската компанија „Del Sol” низ целата земја, чии работници веќе извесно време работат само четири дена во неделата.
„Јасно е дека начинот на работа ги прави луѓето стресни, прекумерната работа ги заморува и сето тоа остава големи последици врз менталното здравје. Четиридневна недела би била добра за економијата, за работниците и за животната средина“, наведуваат од партијата.
Останато
Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти


Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)
Останато
Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари


И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје