Connect with us

Домашни банки

Продадени 298.003 акции на Комерцијална банка по цена од 3.750 денари по акција

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека на 21.03.2018 година во блок трансакција беа истргувани вкупно 298.003 акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 1.117.511.250 денари.

Досегашниот акционер со квалификувано учество East Capital Explorer Investments AB и неговото поврзано лице Salink Limited изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Банката, односно 298.003 акции што претставува 13,076% учество во вкупниот број на акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.

Како купувачи на продадените акции се јавуваат следните правни лица:

Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт Импорт

Гранит АД Скопје

ИГМ-Трејд Илија ДОО

Индустри Сервис ДОО Скопје

Дополнително, известуваме дека секое од правните лица поединечно не го надминува прагот од 5% акционерско учество во вкупниот капитал на Банката.

Домашни банки

8,58% и припаѓаат на Адора Инженеринг од Комерцијална Банка

Објавено

на

На официјалниот сајт на Македонската берза беше објавено дека во изминатиот период преку берзански трансакции правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје се стекна со дополнителни акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје и во моментот (заклучно со 16.07.2018 година) заедно со поврзаните лица има учество од 8,58% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.

Продолжи со читање

Домашни банки

Охридска банка Сосиете Женерал главен спонзор на 58то издание на Oхридско лето

Објавено

на

Традиционално, и оваа година, Охридска банка Сосиете Женерал е поддржувач на една од најзначајните културни манифестации во земјата – Охридско лето, одбележје на градот Охрид. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка – најдобра банка во Македонија според Euromoney

Објавено

на

На 11-ти Јули, 2018 година на свеченото доделување на Euromoney наградите во Лондон, НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Македонија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange