Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Прогресивниот данок ќе влијае на берзата

Објавено

на

Со воведувањето прогресивен данок, предвидено е од 2020тата –  15% данок граѓаните да плаќаат на дивидендите, каматите на депозитите, каматите од заеми на физички и правни лица како и камати од хартии од вредност и друг доход од хартии од вредност.

Во опкружување каде што нема никаков данок на капитални добивки и ќе има, тоа е промена на опкружувањето и секако ќе влијае врз носење на инвестициски одлуки, но тоа е прашање кое креаторите на политиките го имаат во својата агенда, и тука не би можел нешто друго да коментирам. Прво во Македонија постоело, не е прв пат, она што тогаш многу пречеше, кога се даночеа капитални добивки немаше данок на депозити како алтернатива класична на ова, па така да во тој дел гледаме дека е добро решението. Теоретски секој би посакал да нема даночење, тоа е и подобро, но тоа е тоа.

Но, и покрај оваа реформа Иван Штериев, директор на Македонска берза, очекува следната година да биде подобра од оваа за берзата, за која оцени дека била најдобра во последните 10 години. Со Министерот за финансии потпишаа договор, од следната година државните хартии од вредност да котираат на берзата.

-Македонските државни обврзници ќе станат достапни за инвеститорите од регионот, но и Европа. Инаку државните хартии од вредност на останатите земји од регионот веќе се достапни на СЕЕ линк. Ова ќе придонесе за поголема видливост на цените т.е. поголема транспарентност. Секако, поголемата  конкуренција на побарувачката ќе обезбеди подобра цена, односно пониска камата, која ја плаќа државата, Драган Тевдовски, министер за финансии.

Тевдовски и Штериев очекуваат дека ова ќе го зголеми интересот за вложување од домашните и странски инвеститори и ќе понуди подобри услови за издавање обврзници во иднина.

Останато

Journey to Audit Challenges – Професионален едукативен настан во организација на Здружението на внатрешни ревизори и Институтот на овластени ревизори

Објавено

на

Во интерес на заедничката соработка и промоцијата на професиите интерна и екстерна ревизија, Здружението на внатрешни ревизори и Институтот на овластени ревизори организираа професионален едукативен настан со наслов The Journey to Audit Challenges/Во чекор со предизвиците на ревизијата, кој се одржа во хотелот „Холидеј Ин“. Настанот претставуваше исклучителна можност за професионално усовршување, дискусија за улогата на интерната и екстерната ревизија во заштитата на интересите на акционерите и заинтересираните страни, како и дискусија за квалитетот на финансиското известување и интерните контроли со претставниците на ревизорската професија, финансиската и деловната заедница и регулаторните институции. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Вештачката интелигенција ќе остави 10 милиони банкари без работа до 2030 година

Објавено

на

Студијата на IHS Markit предвидува дека Вештачката интелигенција (AI – Artificial Intelligence) ќе им заштеди 300 милијарди долари на банките до 2030 година, истовремено оставајќи околу десет милиони банкари без работа. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Иванка Трамп: Jа одбив понудата за работа во Светска банка

Објавено

на

Советничката во Белата куќа, Иванка Трамп, во интервју за AP, објасни дека одбила работа како шефица во Светска Банка бидејќи е среќна со нејзината сегашна функција во администрацијата, пренесува Independent. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange