Connect with us

Останато

Прогресивниот данок ги вознемири бизнисмените

Објавено

на

Оценките на економските аналитичари за скалестиот данок се движат од демагошка мерка која ќе предизвика даночна евазија до праведна социјална реформа.

Подобрување на економската состојба, вистинска борба со сивата економија и спречување на даночната евазија се дел од приоритети врз кои треба да се работи пред да се воведуваат даночни реформи, велат од реалниот сектор.

Бизнисмените бараат да не се брза со реформите, затоа што не се подготвени за нивно спроведување.

За дел од аналитичарите спорно е тоа што наместо долга јавна дебата за сериозна даночна реформа, Владата достави предлог решение. За други, пак, е спорно тоа што прагот за прогресивно оданочување е 90 илјади наместо претходно најавуваните 60 илјади денари, сметајќи дека овој потег е политички компромис.

ценките на економските аналитичари се движат од демагошка мерка која ќе предизвика даночна евазија до праведна реформа која ќе помогне парите од мала група на луѓе да им се дадат на посиромашни кои преку потрошувачката ќе ги остават во земјава.

Универзитетската професорка Шенај Хаџимустафа вели дека ја оправдува мерката но доколку е дел од сет мерки кои подоцна ќе влијаат врз подобрување на животниот стандард.

„Битно е, самиот фокус на Владата да биде во насока на подобрување на можностите во реалниот сектор и со тоа на подобрување на економските перформанси, и поголем БДП што значи дека се искористуваат самите ресурси во поголем процент, а со тоа и човечкиот фактор кој што е најбитниот капитал, а со тоа овозможување на зголемување на самата потрошувачка. Сите тие елементи се поврзани во магичен круг. Сметам дека треба да се подобрат економските состојби, а потоа мислам дека не е проблем да се воведат и други даночни реформи или пак видови на даноци. Сега засега, мислам дека е прерано, кога ќе се подобри економијата не би било проблем,“ вели Хаџимустафа.

Економскиот консултант Горан Рафајловски вели дека новиот начин на оданочување ќе ја зголеми сивата економија и одливот на млади интелектуалци.

Според Министерството за финансии прогресивното даночење ќе опфати еден процент од вработените во Македонија.

Прогресивна даночна стапка од 18% се воведува за доходот од работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права и од продажба на сопствени земјоделски производи ако обврзниците годишно заработат над милион и осумдесет илјади денари.

За камати од депозити, во кој влегуваат трансакциски депозити, штедни депозити и други депозити, како и на каматите од хартии од вредност граѓаните ќе плаќаат данок на доход по стапка од 15%, ако износот на пресметаната камата на годишно ниво надминува 15 илјади денари односно пресметано според сегашните каматни стапки , ќе се даночи каматата на штедните влогови над 30 илјади евра.

Останато

Македонија повторно се најде на “30 под 30” листата на Форбес за 2019 година

Објавено

на

На 12 февруари, со отворање на Лондонската Берза магазинот Форбес ја објави листата “30 под 30” за 2019 година за Европа.

Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а на листата се најдоа и Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија “социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Токму овој модел на иновативен тренинг хаб во областа на маркетинг и пр, човечки ресурси, веб и графички дизајн, адвертајзинг итн, фокусиран на тоа да учесниците стекнат вештини и компетенции што им се потребни денес ги донесе овие двајца млади како дел од елитното друштво на Форбес по 30.

Покрај нив, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф ( познат по улогата во Хари Потер), фудбалерот на Атлетико Мадрид Антони Гризман, наследникот на гигантот Луи Витон, Антоан Арно и многу други.

Само да потсетиме ова е втора година Македонија да се најде на оваа листа, лани беше претставена од Нина од “Групер” и Жаре “Еден на Еден”.

Продолжи со читање

Останато

Колку сендвичи дневно “крадат” македонските политичари?

Објавено

на

Парламентарниот пратеник на Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) поднесе оставка само неколку часа откако на колегите наивно им раскажал како спровел „социјален експеримент“, минувајќи покрај касата во продавница во близина на словенечкиот парламент и дека „набавил“ сендвич.

Сѐ почнало во средата кога пратеникот на владејачката партија Дариј Крајчич, за време на расправа за механизмите за контрола на прехранбените производи, сакајќи да ја разведри атмосферата, кажал дека механизмите на контрола добро дејствуваат ако сите им се придржуваат, но дека на надзорот секогаш нешто му се протнува и тоа го илустрирал со бизарна анегдота.

Тој кажал дека себеси јавно се пријавува бидејќи во локална продавница „отуѓил сендвич“ минувајќи покрај касата.

Чекав да платам, сигурно неколку минути, но на касата разговараа, а мене никој не ме забележуваше. Затоа излегов без да платам. И никој не потрча по мене иако имаат повеќе камери за видеонадзор“, кажал Крајчич, инаку доктор по шумарство на љубљанскиот универзитет кој претходно го водел државниот завод за заштита на природата.

Иако тој подоцна на новинари им изјавил дека не станувало збор за вистинска туку за виртуелна кражба, односно „социјален експеримент“ бидејќи потоа се вратил и го платил сендвичот и им се извинил на продавачките, Крајчич само неколку часа подоцна соопшти дека дава оставка како пратеник.Оставката е прифатена и во парламентот ќе го замени друг член на партијата која ја води премиерот Марјан Шарец.

Оставката ја прифативме. Крајчич е добар експерт, човек, колега, пријател и соработник, но во оваа прилика направил недозволив чин“, соопшти ЛМШ.

Ако во практика сакаме да ги спроведуваме принципите на нашата партија, тогаш за своите постапки мора да прифатиме одговорност, што го направи Крајчич со својата оставка. Тешко ни е поради тоа, но тоа беше негова самостојна одлука“, се додава во соопштението.

Прашањето е: КОЛКУ СЕНДВИЧИ НА ДЕН СЕ КРАДАТ ОД СТРАНА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ И КОГА БАРЕМ ЕДЕН ОД НИВ ЌЕ БИДЕ ДОБЛЕСЕН ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ФУНЦКИЈАТА КОЈА ЈА ИЗВРШУВА?

Продолжи со читање

Останато

Акциите на Јувентус излегоа на берза

Објавено

на

Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус одлучи да се појави на меѓународниот пазар на обврзници. На тој начин успеа да обезбеди капитал многу повисок од првичните барања.

Клубот, кој во 2001 година ги понуди акциите на Миланската берза, се задолжи со 175 милиони евра со издавање на петгодишна обврзница. Инвеститорите можат да сметаат на годишен принос од 3,5%. Управата на Јувентус претходно најави дека со издавање на обврзница планира да добие 150 милиони евра.

Средствата ќе бидат искористени за отплата на постоечките долгови.

За потсетување, долгот на овој клуб кој во два наврати беше европски првак, успеа да достигне неверојатни 310 милиони евра. Презентацијата наменета за инвеститорите, содржи податок дека приходите на овој клуб пораснале за 161% во сезоната 2017/2018.

Кон растот на приходите огромен придонес има купувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид за кого “старата дама” плати неверојатни 100 милиони евра. Зад издавањето на обврзницата на Јувентус стојат американската банка “Морган Стенли” и италијанската “УБИ банка”.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange