Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

Програмер вработен во банка пронашол “баг” на банкомат и си повлекол 1 милион долари

Објавено

на

Звучи како наслов од филм, но станува збор за реалност. Незадоволен програмер во банка успеал да пронајде шема за банкоматот да издава “бесплатни” пари.

Медиумите во Кина пренесуваат дека 43 годишниот Кин Кишенг успеал да повлече од банкомат преку 7 милиони јуани (околу 1 милион долари) од банкомат на “Huaxia Bank” каде што работел – откривајќи неверојатен баг на банкоматот.

Согласно извештаите, системот на банката не ги регистрирал соодветно трансакциите околу полноќ, притоа исплатувајќи пари од банкоматот без истото да го регистрира на сметката на клиентот. Системот испраќал сигнал дека трансакцијата не е во ред, но, програмерот инсталирал скрипти кои ги потиснувале овие сигнали.

Кишенг започнал да повлекува пари во ноември 2016 година, истото го правел се до јануари 2018 година до кога успеал да направи вкупно 1.358 трансакции, додека банката не го открила лошиот код во системот.

Најинтересниот момент од целата сторија е фактот дека банката не го тужела вработениот откако тој ги вратил парите, веројатно за да нема лош публицитет во јавноста. Банката го прифатила образложението од вработениот дека всушност “ја тестирал безбедноста на банката и ги чувал парите”.

Дали приказната ќе има среќен крај за Кишенг, останува да се види во периодот кој следи бидејќи судот по службена должност го осудила на 10,5 години затвор, поради тоа што дел од парите вработениот ги вложил на берза.

Фото: TheVerge

Странски банки

Република Србија стана член на Азиската инфраструктурна инвестициона банка

Објавено

на

Република Србија официјално станала 73 националниот член на  Азиската инфраструктурна инвестициона банка (Asian Infrastruture Investment Bank – AIIB). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Трендот на отпуштање на банкарските работници го зафати и регионот

Објавено

на

Како дел од оптимзацијата на работење, Адико групацијата работи на кратење на високите трошоци, а тоа ќе значи и отказ за голем дел од вработените, како и затварање на неколку филијали.  (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ММФ: Предупредување за монетарното ублажување

Објавено

на

Експертите за економија во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги препупредиле владите во светот да не се потпираат премногу на ублажувањето на монетарната политика во настојувањето да ја поттикнат својата економија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange