Connect with us

Анализи

Програмерите убедливо најплатени во земјава – во просек земаат над 70.000 денари нето плата

Објавено

на

Најновите податоци на Државниот завод за статистика, за месец март 2021 година, говорат дека програмерите се убедливо највисоко на листата со најмногу платени работници во земјава.

Високи 107.022,00 денари бруто, односно 70.194,00 денари нето плата заработувале вработените во дејноста “компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности”.

Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во  март 2021 година, во однос на март 2020 година, изнесува 106.7. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2021 година, изнесува 42 097 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (18.3 %), Информации и комуникации (12.2 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (12.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (15.5 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (5.2 %) и Градежништво (3.7 %).

Целосната објава можете да ја погледнете на официјалната веб-страница на Државниот завод за статистика.

Анализи

Каматните стапки ќе растат, прашање е само кога ќе почнат?

Објавено

на

Додека сите очекуваат каматните стапки да станат негативни, се чини тие сега може да одат само нагоре. Ковид пандемијата и антикризните мерки што ги наметна на глобално ниво ги менуваат околностите на полето на монетарните политики и полека како да не воведуваат во период на растечки каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Бројот на претставки од незадоволни осигуреници зголемен за 56 отсто

Објавено

на

За првите три месеци годинава до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се поднесени 36 претставки од осигуреници кои не се задоволни од работата на осигурителните друштва од кои купиле полиси за осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Партиска книшка или вистински квалификации – што е пресудно за вработување на високо раководни позиции?

Објавено

на

Институциите обезбедуваат услуги како за граѓаните така и за други институции и се клучна алка во успешното спроведување на реформските процеси. Тие трошат јавни (ваши) пари и последиците од нивното работење директно влијаат врз вкупниот квалитет на живеењето и развојот на заедницата. (more…)

Продолжи со читање


Популарно