Connect with us

Домашни банки

Прогласен македонскиот Microsoft Office Champion 2018

Објавено

на

Денес во просториите на i-bank store филијалата на Стопанска банка АД – Скопје, се одржа големото финале од проектот за унапредување на дигиталната писменост во Р. Македонија – Национален MOS (Microsoft Office Specialist) натпревар.

На натпреварот кој започна кон крајот на декември 2017, се пријавија повеќе од 1000 млади, од кои 40 со најдобар резултат влегоа во денешното финале. Овогодинешниот победник кој ќе ја застапува Македонија во Орландо, Флорида како најдобар Microsoft Office Specialist е Јорданчо Ефтимов од Кочани. Јорданчо ќе се натпреварува со претставниците на повеќе од 140 земји и ќе се бори за титулата најдобар Microsoft Office Specialist во светот.

На отворањето на финалето, свое обраќање до јавноста имаа заменик градоначалникот на Град Скопје, г. Енвер Малиќи, г-ѓа Милица Чапаровска – Јовановска, генерален директор за банкарство на мало при Стопанска банка АД – Скопје, директорот на Certiadria г. Марко Серафимовски како и директорката на Семос Едукација, г-ѓа Валентина Тасевa.

Град Скопје, како партнер во организирањето и спроведувањето на МОС натпреварот, и оваа година овозможи бесплатно тестирање за 500 учесници.

„Со самото тоа што стигнаа до денешниот натпревар, според нас сите финалисти се победници и шампиони. Затоа, Банката им додели ваучери од 5.000 мкд и се надеваме дека без оглед на исходот од денес, финалистите ќе си заминат со награда и со насмевка на лицето. Банката останува посветена на промовирање на вистинските вредности и посветена кон финансиската едукација која е неопходна за самостојниот живот на младите по осамостојувањето. Токму на овие постулати ја основавме и нашата TOPSI платформа која е дел од нашите напори како генерација да ги обезбедиме неопходните ресурси за градење на кариерата и иднината на младите тука.“– изјави Милица Чапаровска – Јовановска, Генерален директор за банкарство на мало при Стопанска банка АД – Скопје.

MOS (Microsoft Office Specialist) натпреварот е наменет за млади лица на возраст од 13 до 22 години, односно за сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Учесниците на овој натпревар имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office алатките: Word, Excel и PowerPoint (2013 или 2016).

За прв пат оваа година се одржа и Националниот Adobe натпревар, на кој се натпреваруваа 100 учесници. Финалето ќе се одржи следната недела. Победникот ќе ја застапува нашата држава во Флорида, САД на светскиот Adobe шампионат.

Домашни банки

Изложба на дела од колонијата „Вевчански видувања“ 2018 во НЛБ Галерија

Објавено

на

Во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања, како и на Компанијата „ВИА“, на 17 декември (понеделник), во 19 часот, во НЛБ Галерија во Скопје, свечено ќе биде отворена ИЗЛОЖБАТА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА на Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД Скопје не ја усвои предложената одлука за конверзија на приоритетните акции

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје во официјално соопштение на Македонската берза објави дека на 44-та седница на Собранието на акционери кое се одржа вчера 12.12.2018 на кое беше предложена Одлука за укинување на првенствено право на приоритетните акции издадени од Стопанска банка АД – Скопје и конверзија на приоритетните во обични акции, не беше усвоена. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Петти семинар „Жени во Бизнис“ во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

На 07.12.2018 година (петок) со почеток од 10 до 14 часот во НЛБ Галеријата се одржа петтиот по ред семинар „Жени во Бизнис“ во соработка со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР). Овој семинар е дел од програмата „Жени во Бизнис“ финансирана од ЕБОР, Шведска, Луксембург и Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и имплементиран во соработка со НЛБ Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange