Домашни банки
Прогласени победниците од Social Impact Award 2021

Млади херои со големи идеи! Прекрасни тимови, ентузијазам, идеи кои сигурно ќе го променат општеството ја одбележаа седмата година од „Наградата за социјално претприемништво“ – Social Impact Award 2021.
Девет неделната инкубациона фаза заврши со презентирање на проектите на финалистите и прогласување на наградените идеи. „Хербална куќичка Билкилајф“, „О-круг“ и „ Мали истражувачи“ се решенијата кои освоија парична награда од Шпаркасе Банка, како победници на Наградата за социјално претприемништво – Social Imapct Award 2021.
Првата награда во висина од 3.000 евра, стручното жири ја додели на тимот од „Хербална куќичка Билкилајф.“ Мила и Верче, девојките зад оваа идеја замислуваат „Билкилајф“ да биде место за релаксација на умот и телото, преку разни форми и содржини-туристички услуги. Основата на сите услуги, програми и активности се билките, а во нив учествуваат и можат да ги користат лицата со попреченост.
Втората награда во висина од 2.000 евра беше доделена на „О-круг“, здружение кое работи во полето на реупотреба на отпад од храна. „О-круг“, во суштина ќе произведува есенцијални масла и природни освежувачи од отпадна кора од портокал. Отпадните лушпи ќе бидат собирани преку партнерства со локалните кафетерии, џус и смути барови, потоа преработени и од нив ќе се произведува есенцијално масло и природни освежувачи за воздух.
Третиот тим кој ја понесе наградата на жирито е „Мали истражувачи“, проект од Македонски брод кој работи во областа на одржлив туризам и се залага за здрав живот. Идејата е отворање на првото еко-игралиште за деца или како што Магдалена и Кики ги нарекуваат, „малите истражувачи“. Како дел од игралиштето е и зеленчукова градина, каде децата ќе имаат можност да научат за одгледувањето на истите или пак да си наберат свежи плодови.
Четвртото победничко решение избрано преку он-лајн гласање е проектот “EnergуBox “, воден од Натали Велеска, чиј тим ќе добие дополнителна менторска и консултантска поддршка од компанијата Бизнис Импакт Лаб.
Повеќе информации за настанот и програмата можете да добиете кај Ана Пасковска, национална координаторка на „Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award“ на е-маил: ana.paskovska@socialimpactaward.net. Web: https://north-macedonia.socialimpactaward.net
Домашни банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 24 мај 2023 година

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 24 мај (среда) 2023 година заради празнување на Св. Кирил и Методиј. (more…)
Домашни банки
Силните резултати на ПроКредит Групацијата во Q1 ги нагласуваат среднорочните позитивни перспективи

- Резултатот од 29,5 милиони ЕУР соодветствува на солиден Поврат на капитал (RoE) од 13,3% и, според тоа, е во согласност со среднорочните насоки на групацијата;
- Добриот развој на нето каматната маржа до 3,4% и умерениот трошок на ризикот од 12 основни поени се клучни фактори за резултатите;
- ПроКредит Банка Украина има умерен придонес кон резултатот на групацијата, демонстрирајќи ја својата структурна сила без оглед на проблематичното опкружување; ПК без Украина е на добро ниво од 11,6%;
- Kоефициентот на трошочна ефикасност, усогласен за непериодичните ефекти е на ниво од 57,0% и, според тоа, 2,5 процентни поени под нивото од претходната година;
- Растот на депозитите изнесува 0,6%; кредитното портфолио бележи мал пад од 0,8%, со дополнителни подобрувања на квалитетот на портфолиото;
- Континуиран фокус на зелени кредити; тековниот удел од 20,2% во вкупното кредитно портфолио е зацртано да расте до 25% среднорочно;
- Коефициентот на редовен основен капитал на ниво 1 (CET1) изнесува 14,1%; значајното зголемување од 0,7 пп во Q1 е поттикнато од натамошниот раст на ефикасноста на активата пондерирана според ризикот (RWA)
Домашни банки
Како најдобро да се подготвите за патување?

Подготовката за патување може да биде возбудлива, но и прилично напорна активност. За да се обезбеди непречено и пријатно патување, од клучно значење е сè да се испланира и подготви однапред. Од истражување на дестинацијата и пакување, до обезбедување патни документи и организација, пожелно е што подобро да се подготвите за вашата претстојна авантура. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје