Connect with us

Домашни банки

Прогласени победниците на “Наградата за социјално претприемништво 2019” (Social Impact Award 2019)

Објавено

на

Денес во Скопје во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој официјално по петти пат се одржа доделувањето на наградите за социјално претприемништво (Social Impact Award 2019) кои се наменети за студенти и млади од Република Северна Македонија.

За најдобрите три (3) идеи/решенија EdiStraw, TreeBanks и CoSense, Шпаркасе Банка Македонија обезбеди парични награди во висина од по 2.000 евра за секој од нив. Четвртиот победник „Дружење без граници” доби од Фонд за иновации и технолошки развој ваучер за посета на настан во странство. Покрај наградите, најдобрите тимови ќе добијат и бесплатно патување во Киев кадешто ќе се сретнат со претприемачи од 16 европски земји со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna.

“Среќни сме што Treebanks е препознаена како идеа со социјален импакт. Се радуваме што наградата од SIA Македонија ни дава можност да се презентираме интернационално во Киев”, изјави Невен Стевчев од TreeBanks.

„Шпаркасе Банка во рамките на стратегијата за општествена одговорност под платформата “Sparkasse Life”, активно ги поддржува проектите кои се насочени кон едукација, менторска поддршка и финансиско советување на младите и талентирани студенти, како и развој на нивните капацитети за водење на сопствен бизнис. Како дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата даваме поддршка за реализација на проектите кои имаат социјална компонента, ги поддржуваме младите иноватори, идните претприемачи кои имаат визија за реализација на нивните проекти, како и придонесуваме за поголема вклученост и инклузија на социјално ранливите категории.“, изјави Владимир Кечовски, Директор во Дирекцијата за мали и средни претпријатија во Шпаркасе Банка Македонија.

“Фондот за иновации и технолошки развој работи на воведување на иновации во јавниот сектор. Еден таков успешен пример е реализацијата на проектот „Оброк за сите“, кој Фондот го спроведува во соработка со Министерство за труд и социјална политика, и организацијата „Ајде Македонија“. Преку овој проект, чија имплементација веќе дава позитивни резултати, оние семејства и поединци кои се најмногу засеганти имаат пристап до топол квалитетен оброк. Свесни сме за потребата од воведување иновации во општественото живеење бидејќи бенефитите ги чувствуваат сите граѓани. Фондот трета година по ред ја поддржува Програмата за социјално претприемништво, токму поради оваа причина. Ќе продолжиме да го поддржуваме социјалното претприемништво и понатаму, особено што некои од овие фирми ќе можат да прераснат во комерцијални бизниси кои понатаму ќе можат да се слушат со средства од фондот преку некои од нашите инструменти за поддршка“, изјави Николина Стојанова-Трајковски од Фондот за иновации и технолошки развој.

Наградата во Република Северна Македонија е организирана од Бизнис Импакт Лаб. Повеќе информации за ‘‘Наградата за социјално претприемништво 2019.‘‘ ќе најдете на www.socialimpactaward.mk.

Домашни банки

Измени во Управниот одбор на ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка десетта година по ред ја продолжи соработката со Црвениот крст на Република С. Македонија

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и оваа година ја продолжи плодната соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија со цел заедничка имплементација на општествено корисни социјални програми за подобрување на квалитетот на животот на населението во заедниците. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Халкбанк Смарткеш – подигнување пари од АТМ без картичка

Објавено

на

Луѓето често може да се најдат во непријатна ситуација кога го забораваат својот паричник дома, кога картичката им е истечена, изгубена или украдена, а имаат потреба од готовина од истите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно