Останато
Прогласени победниците на „Наградата за социјално претприемништво 2020“ (Social Impact Award 2020)

Во екот на пандемиската криза со ковид-19, социјалните нееднаквости стануваат сѐ повидливи и се соочуваме со нови предизвици. И покрај ефектите на пандемијата врз формалниот и неформалниот сектор, Шпаркасе Банка Македонија, Бизнис импакт лаб и Пакомак, успешно ја реализираа шестата по ред е-акцелераторска програма – Social Impact Award 2020, односно „Наградата за социјално претприемништво 2020“.
Социјалните бизниси ни се повеќе од потребни во оваа ситуација за да ни помогнат да го креираме начинот на кој реагираме како општество.
За најдобрите три (3) идеи/решенија Зелен печат, ICare и EnRoute, Шпаркасе Банка Македонија обезбеди парични награди во висина од по 1.500, 1.000 и 500 евра за секој од нив. Четвртиот победник „Eko Green Bin“ доби менторска помош обезбедена од Бизнис импакт лаб и Пакомак. Покрај наградите, најдобрите тимови ќе добијат и бесплатно учество на Самитот на Social Impact Award каде што виртуелно ќе се сретнат со претприемачи од 16 европски земји, со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna.
„Искрено, во оваа чудна 2020-та, не очекував дека би имала ваков среќен момент. Водата е наш неопходен ресурс, па затоа и треба да им укажеме одредено ниво на почит на нашите реки. Би сакала еден ден да се вратат приказните за убавите денови поминати покрај Вардар. Многу сум благодарна за укажаната чест и за поддршката што ја добив од целокупниот тим на SIA, посебно менторите, брат ми и мојата драга другарка Викторија Насевска“, изјави Кристина Николова од Зелен печат.
„Се гордееме со младите иноватори кои и оваа година, во отежнати услови, успеаја да ги покажаа своите оригинални идеи и да размислуваат во насока на пронаоѓање нови и иновативни решенија во сферата на социјалното претприемништво и решенија за поголема заштита на животната средина. Им честитаме на победниците и ги охрабруваме и понатаму да го задржат позитивниот ентузијазам во нивниот професионален развој и да веруваат во себе! Шпаркасе Банка Македонија и по завршувањето на програмата, ќе продолжи да биде доверлив партнер и да им ја овозможува потребната финансиска и менторска поддршка при развојот на нивните бизниси во рамките на програмата за стартапи Чекор по чекор“, изјави Владимир Кечовски, директор во Дирекцијата за мали и средни претпријатија во Шпаркасе Банка Македонија.
Наградата во Република Северна Македонија е организирана од Бизнис импакт лаб. Повеќе информации за „Наградата за социјално претприемништво 2020“ ќе најдете на north-macedonia.socialimpactaward.net
Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)
Останато
Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)
Останато
Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје