Наградни игри
„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

ПроКредит банка и Mastercard ве носат на возбудливо возење, со новата наградна игра „#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard”, создадена да ве инспирира да негувате здрави животни навики. Наградната игра „#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” ги поддржува основните вредности за кои ПроКредит банка се залага како одговорна компанија – поттикнување на култура на штедење, целокупно подобрување на квалитетот на животот, грижа за нашата животна средина и промовирање на здрав животен стил.
#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard: Вози кон позелена иднина!
Од 19 мај до 30 септември 2023 година, сите нови клиенти на ПроКредит банка имаат можност да учествуваат во наградната игра и да добијат еден од 20-те градски велосипеди. Право на учество има секое полнолетно физичко лице кое ќе отвори сметка во ПроКредит банка и ќе изврши најмалку 5 картични трансакции со било која вредност со дебитната Mastercard картичка, во текот на времетраењето на наградната игра. Аплицирањето за отворање нова платежна сметка во ПроКредит е целосно онлајн.
Извлекувањето на наградите ќе се одвива во два круга, на 19 Јули и на 2 Октомври, а листата на добитниците ќе биде објавена на интернет страница на ПроКредит банка.
Придружете се на #ПроВозиСе, започнете поздрав начин на движење и одберете банка која го гледа светот на ист начин како и вие.
ПроКредит продолжува да делува како компанија која е пример за одговорност и да поставува стандарди за одржливост, одговорност и етичност, со силен фокус на зелените инвестиции и дигитализацијата.
Правилата за наградната игра се достапни на интернет страницата www.pcb.mk/provozise. Наградната игра е наменета за сите полнолетни граѓани и се организира на територијата на Република Северна Македонија.
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Наградни игри
Успешно завршена наградната игра ПроВози се на ПроКредит Банка

ПроКредит Банка со огромно задоволство споделува дека успешно е затворена наградната игра #ПроВозиСе, во соработка со Мастеркард. (more…)
Домашни банки
Освој TESLA само со Mastercard® картичките од Стопанска банка АД – Скопје

Стопанска банка АД – Скопје започна голема наградна игра за клиентите корисници на Mastercard дебитните и кредитните картички. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје