Останато
„Провери па купи“ – платформа креирана од студенти за намалување на сивата економија и безбедно онлајн купување


„Провери па купи“ (www.proveripakupi.mk) е веб-платформа која им овозможува на потрошувачите безбедно да купуваат преку интернет и е во функција од пред неполн месец. Купувачот кој сака да плати за производ или услуга онлајн, на платформата може да ги провери податоците на е-трговецот (фирмата) од земјава за да се осигури дека тој е регистриран и веродостоен.
Платформата е изум на четири студентки на четврта година – Стефанија Цветковска, Симона Милошеска и Ана Матеска од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ и Христина Петковска од Економскиот факултет.
Креативното решение на нивниот тим беше меѓу победничките три од десетте што учествуваа на студентскиот онлајн-хакатон во мај годинава – „Хакирај ја сивата економија во е-трговијата“. Добија награда од 1.000 евра за да го имплементираат нивното решение.
Хакатонот го организираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) со цел студенти да смислат решение кое ќе помогне да се намали сивата економија во е-трговијата. За функционалноста на платформата тие соработуваат со АЕТМ која им ги праќа информациите кои се ставаат на овој сервис.
Ана Матеска од ФИНКИ за МИА вели дека платформата е нешто ново што им овозможува на физичките лица лесно да ги проверат е-трговците зашто на едно место се собрани сите. Може да ги пребаруваат со впишување име или по категории.
„Целта на решението што го развивме, веб-платформата наречена „Провери па купи“, е на едно место да бидат собрани сите е-трговци и доколку физичко лице сака да купи нешто онлајн да може на едноставен начин прво да провери дали тој трговец е регистриран и доколку е, да биде сигурен дека е веродостоен и дека се заштитени неговите права на потрошувач”, рече Матеска, појаснувајќи го функционирањето на овој нивни непрофитен проект.
Купувањето на тој начин, вели таа, станува безбедно и доверливо, а корисниците на платформата учествуваат во сузбивање на сивата економија во е-трговијата – незаконска економска активност со негативен ефект врз целото општество која го намалува и квалитетот на живот.
„Цел на платформата е да се допре и до нерегистрираните трговци и да се мотивираат да се регистрираат за да бидат ценети од страна на клиентите и препознати како доверливи трговци”, додава Матеска.
Останато
СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст


Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики. (more…)
Останато
Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања


Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)
Криптовалути
Кристин Лагард: Криптовалутите се безвредни, тие не се засноваат на ништо!


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо, дека се целосно безвредни. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје