Останато
ПРОВЕРЕТЕ СИ ГИ ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ! – Започна исплатата на повратот на ДДВ за третиот квартал

Граѓаните кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“ и скенираат фискални сметки деновиве треба да си ги проверуваат трансакциските сметки бидејќи во тек е исплатата на повратот на ДДВ за скенираните сметки во третото тромесечје односно за месеците јули, август и септември.
Овој пат, исплатата е малку подоцна од вообичаеното поради исплатата на парите од повратот од Викендот без ДДВ. Сепак дел од граѓаните веќе добиле пари, останатите да очекуваат деновиве. Податоците се обработени и сега парите веќе се префлаат на сметките. Инаку Управата за јавни приходи има рок да го изврши повратот 60 дена од денот на последната скенирана сметка во тримесечјето.
По овој основ, според податоците УЈП треба на граѓаните да им исплати речиси 430 милиони денари.
Во текот на третото тримесечје, односно во месеците јули, август и септември 2020 сппред податоците, остварен е промет од 29,8 милијарди денари, од кои прометот од македонски производи изнесува 7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува 21,9 милијарди денари.
Преку апликацијата „Мој ДДВ“ за скенираните фискални сметки на граѓаните им се врши поврат од 20 проценти за платениот ДДВ за македонски производи и услуги, и 10 проценти за останатите добра и услуги.
Останато
Пензиите ќе се зголемат за 8,4 проценти!

Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Просечната пензија од 17 666 денари се зголемува на 19 150 денари. Зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 проценти што е повеќе од очекуваното, информира премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. (more…)
Останато
ПАНТЕЛЕОН ГС понуди 330 милиони денари со што станува потенцијален сопственик на зградата на Еуростандард Банка во центарот на Скопје

Во текот на вчерашниот ден, на третата електронска лицитација за продажба на зградата на Еуростандард Банка-во стечај како потенцијален и мошне извесен иден сопственик на имотот се јави компанијата Пантелеон ГС која понуди 330 милиони денари. Оваа понуда беше избрана за најдобра во текот на вчерашната електронска лицитација. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка