Connect with us

Електронско банкарство

Проверете каде купувате онлајн: АЕТМ го објави првиот онлајн регистар на е-трговци!

Објавено

на

Пандемијата отвори бројни можности за забрзување на растот на е-трговијата, но и бројни предизвици за е-трговците. Сѐ почеста е појавата на голем број нерегистрирани продавачи кои нудат производи за продажба преку пораки на социјалните медиуми, што претставува нелојална конкуренција за регистрираните онлајн продавници.

Кога купувачите прават нарачки преку пораки на социјални медиуми од продавачи (регистрирани или нерегистрирани) од кои не добиваат сметка или потврда (фактура) за купените производи, ги става во позиција да не можат потоа да ги остварат правата за нивна заштита, да го вратат или заменат производот ако не се задоволни од она што го добиле, со што се зголемува недовербата во онлајн купувањето. Ваквите нарачки дополнително влијаат негативно кон развојот на е-трговијата и се дел од сивата економија која е штетна за целокупниот развој на општеството. 

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми да придонесе за подобра бизнис околина за раст и развој на е-трговијата. Сивата економија и нелојалната конкуренција се пречка за развојот. 

Во текот на 2020 година беше лансирана платформата “eТрговија за сите” https://ecommerce4all.mk/ која на едно место ги содржи сите потребни информации за започнување и водење на бизнис во е-трговија. Како дел од платформата е и модулот посветен на сивата економија во рамки на кој се креираше и објави првиот онлајн регистар на е-трговци, кој ги содржи сите онлајн продажни места, кои што се регистрирани во една од петте банки во нашата земја кои нудат е-трговија, односно процесирање на онлајн трансакции. Воедно, ваквиот регистар беше една од препораките во Извештајот од анализата на е-трговијата во 2018 година.

Онлајн регистарот на е-трговци, кој е изработен во соработка со петте банки кои што нудат е-трговија, има за цел да ја зголеми информираноста на купувачите и нивната заштита, да им овозможи лесно да направат разлика помеѓу регистрирани е-трговци и нерегистрирани субјекти кои учествуваат во онлајн продажбата и да ја намали можноста за купување од непроверени онлајн продавачи и учество во сивата економија. 

Од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија велат дека се потребни заеднички напори за намалување на сивата економија – институциите да го дадат својот придонес, граѓаните да се заштитат себе си преку купување само од регистрирани е-трговци, а компаниите да ги унапредуваат своите процеси, корисничко искуство и да одиграат едукативна улога кај потенцијалните купувачи. 

Согласно спроведениот анкетен прашалник на 2.800 е-купувачи кој беше дел од сеопфатната Анализа на е-трговија, 2020 година, 47% од купувачите прават нарачки преку пораки на социјални медиуми, а 61% од нив се изјаниле дека го прават тоа затоа што им е полесно и побрзо. 48% од е-купувачите никогаш не добиваат фискална сметка при ваквите нарачки, а 27% се изјасниле дека ретко добиваат. Над 70% од нив се запознаени за ризиците, дека не се заштитени како потрошувачи, како и дека се дел од сивата економија, но сепак го прифаќаат ризикот при ваквите нарачки. Овие податоци се загрижувачки и говорат за ниското ниво на даночен морал и свест за значењето и негативните последици од сивата економија, како и ниското ниво на дигитални вештини на населението. Преку регистарот на онлајн продажни места купувачите имаат можност лесно да проверат пред да направат нарачка дали се работи за регистирана онлајн продавница.” – вели Д-р Нина Ангеловка, претседател на Асоцијацијата за е-трговија

Покрај регистарот за е-трговци, АЕТМ објави и едукативно видео како дел од напорите за адресирање на сивата економија во Република Северна Македонија.

Преку едукативното видео за сива економија кое го подготвивме како дел од платформата „Е-трговија за сите” се стремиме да придонесме кон кревање на свеста и да им ги доближиме на граѓаните штетните последици од сивата економија за целокупниот развој на општеството и квалитет на живот. Воедно, оваа активност на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија е дел од Акцискиот план за сузбивање на сивата економија, на Министерството за финансии, во кој посебен дел е издвоен за активности за намалување на сивата економија во е-трговијата” – додава Ангеловска.

Инаку, во јануари АЕТМ го воведе и „беџот за верификуван е-трговец” кој преставува визуелна ознака која ќе им помогне на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект кој ги има имплементирано неопходните законски регулативи и правила за работење во е-трговијата.

Асоцијацита за е-трговија на Македонија преку интернет платформата „eCommerce4All“ едуцира за безбедно и легално започнување со онлајн продавање и купување, подигнување на свеста и намалување на сивата економија и за зголемување на конкурентноста на постоечките е-трговци. 

Веб платформата е дел од иницијативата „E-commerce for All”, која се реализира со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Електронско банкарство

„Ready, set, grow! – тема на четвртата годишна конференција за е-трговија

Објавено

на

Под мотото „Ready, set, grow!” на 12 ноември 2021 година (петок) по четврти пат ќе се одржи годишната конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.  (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Отсега услугите на НЛБ мКлик мобилното банкарство достапни за лицата со оштетен вид

Објавено

на

НЛБ Банка во соработка со софтверската компанија Asseco SEE направи значајни подобрувања на функционалностите на постоечката НЛБ мКлик апликација благодарение на кои таа отсега е достапна за употреба од страна на лицата со оштетен вид. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Шпаркасе Банка воведува провизија за користење на електронско банкарство за целосен пристап за физички лица

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Банката ќе прави прилагодувања во Одлуката за тарифи и надоместоци за услуги кои ги врши банката поврзани со услугите за електронско банкарство за физички лица кои ќе бидат во важност од јули 2021 година. (more…)

Продолжи со читање



Популарно