Connect with us

Домашни банки

Приходите од камати се клучната ставка во остварената добивка на УНИБанка во првата половина од 2019 година

Објавено

на

УНИБанка во првата половина од 2019 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во усвоениот бизнис план за 2019 година. Клучна цел беше остварување на максимален профит преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, во услови на стабилизирање на политичкиот амбиент и стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.

  1. Сметководствени политики и методи на вреднување

Во првата половина од 2019 година, Банката нема промени во сметководствените политики и методите на вреднување.

  1. Остварени приходи

Остварените вкупни приходи од работење во првата половина од 2019 година изнесуваат 719,6 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележат пораст од 15,5%.

Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 102,3 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 71.6% имаат приходи од камати, кои во споредба со 2018 година се зголемени за 15,5%, како резултат на порастот на кредитното портфолио кое во однос на 31.12.2018 се зголеми за 6,8% и достигна ниво од 15 милијарди денари.Анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население, и соодветно е остварен годишен пораст од 20,5 проценти на приходите од камати на население.

Порастот на кредитирањето, зголемениот обем на активности во доменот на платен промет и картично работење, придонесоа приходите од провизии на банката да се зголемат за 15,93% во однос на истиот период од минатата година.

  1. Остварени расходи

Остварените расходи во првата половина од 2019 година изнесуваат 617,2 милиони денари и бележат пораст од 24,3% во однос на истиот период од 2018 година. Порастот на расходите на банката пред се, се должи на расходите од камати, како резултат на зголемување на депозитната база, согласно поголемиот интерес на депонентите за новите депозитни продукти на банката.

Зголемените расходи на банката произлегуваат и од порастот на административните расходи, предизвикани од исплата на награда на вработените и исплата на еднократна договорна испратнина, како и заради зголемување на износот на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.

  1. Исплатени дивиденди

Во текот на 2019 година, банката нема исплатено дивиденди.

  1. Вложувања или продажба на материјални средства

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се намалени за 5,6% во однос на Декември 2018 како резултат на евидентирано оштетување на преземени имоти и реализирана продажба на еден преземен имот.

  1. Обврски по кредити

Обврските по кредити во 2019 година се намалени за 11,5% во однос на  31.12.2018 година.

  1. Исполнување на планот и очекувања за престојниот период

Податоците за остварување на билансните цели на банката се во согласност со  очекуваните заклучно со првата половина од 2019 година. Растот на кредитното портфолио на банката е речиси на ниво на  планираниот, со акцент на порастот на кредитирањето на секторот население, кое бележи пораст од 8,5% во однос на Декември 2018.

Анализата на структурата на пасивата на билансот на состојба за 2019 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на надминување на таргетираните извори на финансирање од секторот население, кои бележат зголемување од 7,2% во однос на 31.12.2018. Во структурата на пасивата на билансот на состојба на УНИБанка во 2019 година е реализирано издавање на хибриден капитален инструмент, познат како перпетуална обврзница, кој значително ја зголеми капиталната позиција на банката.

Во престојниот период банката очекува континуиран раст на кредитното портфолио на банката, кој би бил подржан со зголемен раст на депозитната база преку имплементација на нови депозитни продукти, во насока на зголемување на учеството на нефинансиските извори на финансирање, пред се учеството на трансакциските сметки, остварување на повисока нето каматна маргина, зголемување на пазарното учество и исполнување на сите зацртани цели во Бизнис планот на Банката за 2019 година.

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“

Објавено

на

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ со целата своја уметничка вредност годинава се враќа во Битола со своето 42-ро издание. Филмските уметници и нивните љубители од 16 до 21 септември во Битола, преку една хибридна форма, ќе имаат можност да уживаат во програмата на фестивалот која содржи 10 долгометражни и 10 кратки филмови.

(more…)

Продолжи со читање



Популарно