Криптовалути
Пристигнува биткоин од милион долари – “Тие мислат дека е предоцна за купување, но не ги разбираат последните бројки”


Ако купувањата на „Tesla” и „MicroStrategy” би можеле да го катапултираат биткоинот, што би се случило доколку поголемите играчи започнат да влегуваат на пазарот?
Откако „Tesla” неодамна купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари за својата „корпоративна ризница“, а не за некои шпекулативни истражувања или инвестиции во развој, оние што сè уште сметаат дека биткоинот е глупост, се покажаа за жал, дека се во грешка.
“Купувањето на „Tesla” поддржува нешто дури и подраматично од тоа што биткоинот е позициониран како легитимна замена за готовина за најголемите светски корпоративни, финансиски и владини институции. Овие ненадејни приливи на побарувачка, вклучително и неколку неодамнешни набавки на MicroStrategy, имаат огромно влијание врз цената на биткоинот и ќе ја видиме цената на биткоинот од над милион долари пред повеќето луѓе да ја разберат“, пишува за порталот „Coindesk” Ник Батиа (Nik Bhatia), автор на книгата „Слоевитни пари: од злато и долари до биткоин и дигитални валути на Централната банка” (Layered Money: From Gold and Dollars to Bitcoin and Central Bank Digital Currencies) и вонреден професор по финансии и деловна економија на Универзитетот во Јужна Калифорнија.
Тој додава дека цената на биткоинот е поврзана со само еден трилион долари од вкупната пазарна вредност и ако, на пример, пазарната вредност на биткоинот ја достигне големината на американскиот финансиски пазар, неговата цена ќе достигне 1,5 милиони долари.
„Лесно е да се предвиди биткоин од милион долари ако го имаме предвид доволно долгиот период и темпото на усвојување на криптовалути во различни индустрии и подготвеноста на владите и централните банки да обезбедат неограничени количини на фискални и парични стимулации. Но, кога се соочив со проценка колку “само” 3,5 милијарди долари побарувачка за биткоини („Tesla” со 1,5 милијарди и „MicroStrategy” со 2 милијарди) влијаеа и предизвикаа промена на неговата цена, пресметката ме доведе до неверојатни бројки“, пишува Батиа.
После некои груби пресметки и проценки, Батиа посочува дека верува дека купувањето на биткоини во вредност од една милијарда долари резултирало со зголемување на вкупната пазарна вредност за најмалку 25 милијарди долари или околу 1.300 долари за еден биткоин. Вкупниот број на биткоини во вредност од 3,5 милијарди долари што го купија „Tesla” и „MicroStrategy” во изминатите три месеци директно ја зголеми неговата цена за 5.000 американски долари.
„Цената на биткоинот е нагазна мина. Вложувањето од 3,5 милијарди долари од страна на „Tesla” и „MicroStrategy” предизвика експлозија од 30.000 американски долари. Замислете што може да се случи ако „Apple” одлучи да купи биткоини за 10 милијарди долари”, оптимистички вели професорот.
Според него, зголемувањето на цената на биткоинот ќе ги изненади повеќето луѓе кои не ја разбрале целосно нееластичноста на понудата на биткоин – ниту едно зголемување на цената не може да доведе до одговор на понудата, бидејќи понудата за биткоин е претходно програмирана и универзално договорена.
„Луѓето сега главно сметаат дека е предоцна да се купат биткоини, бидејќи тој веќе чини 50.000 американски долари. Тие едноставно не ги пресметаа последните бројки“, заклучува тој.
Криптовалути
МАКЕДОНЦИТЕ “НЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ” ЗА КРИПТОВАЛУТИ – Македонија последна во регионот по бројот на инвеститори во криптовалути


Во Србија во криптовалути инвестирале 127.461 инвеститори, што ја прави прва во јадранскиот регион по бројот на инвеститори во криптовалути во однос на бројот на жители, објави порталот „Bloomberg Adria“, повикувајќи се на анализата на компанијата „TripleA“. (more…)
Криптовалути
Цената на најпознатата криптовалута повторно во надолен тренд по неколкудневниот раст


Цената на биткоинот повторно падна откако во саботата го достигна највисокото ниво од средината на јуни, поради оптимизмот дека пазарот можеби веќе го достигнал дното. (more…)
Криптовалути
Известување за зачестена појава на компјутерска измама со криптовалути


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста за забележана зачестена појава во изминатиов период, каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација. (more…)
- Останатопред 2 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје