Connect with us

Платежни картички

Пристигнуваат биометриски кредитни картички

Објавено

на

Банката NatWest започна тримесечно тестирање на биометриски кредитни картички со отпечаток од прст за 150 клиенти.

Банката предходно направила пилот биометриски дебитни картички, но сега за прв пат се издаваат кредитни картички. Овие биометриски кредитни картички ќе понудат бесконтактно плаќање користејќи употреба на проверка на отпечатоци од прсти за трансакции до 100 фунти и зголемување на сегашната граница од 30 фунти.

Биометриската картичка се напојува преку терминал за картички и кога купувачот ќе ја приближи картичката, зеленото светло на картичката означува дека отпечатокот од прстот се совпаѓа со купувачот, по што трансакцијата успешно ќе се реализира.

Директорката за иновации на NatWest, Георгина Булкели изјави: “Следејќи го успешниот пилот проект на нашата биометриска дебитна картичка, сакаме дополнително да ја тестираме технологијата за кредитни картички. Ова е најголем развој во картичната технологија во последниве години, и не само што отсуството на код ја зголемува безбедноста, туку и на нашите клиенти им го олеснува купувањето на стоки или услуги“.

За да ја воведат оваа услуга за корисниците во Велика Британија, компанијата NatWest соработува со компанијата за платежни картички MasterCard и со дигиталната компанија за сертификати за безбедност Gemalto.

Домашни банки

Силк Роуд Банка на корисниците на American Express Point дебитна картичка им овозможува подигнување на готовина без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава

Објавено

на

Силк Роуд Банка на своите корисници кои поседуваат American Express Point дебитна картичка им овозможува подигнување на средства без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава, заклучно до 31.12.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

5% поврат на средства со American Express во Веро и Џамбо маркети

Објавено

на

Се ближи стартот на новата учебна година па за таа цел Силк Роуд Банка АД Скопје во соработка со Веро и Џамбо маркетите започнуваат заедничка промотивна кампања со American Express картичките. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Охридска банка го продолжува рокот за замена на сите платежни картички со ново лого

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје го продолжува периодот предвиден за замена на платежните картички на своите клиенти, физички и правни лица. Со тоа, овој процес ќе трае до 31 Октомври 2020 година. По истекот на овој период Банката ќе го ограничи правото на користење на картичките кои нема да бидат навремено заменети, затоа е важно клиентите да извршат навремена замена во матичните експозитури. (more…)

Продолжи со читање

Популарно