Connect with us

Останато

Примања на кои не се плаќа данок на доход според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Објавено

на

Во членот 12 од новиот Предлог-закон за данокот на личен доход утврдени се примањата за кои не се плаќа данок на доход.

Според овој член, данок на доход не се плаќа на:

1) помош за социјална заштита;

2) субвенции доделени од државен орган за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на физички лица кои остваруваат доход од продажба на сопствени земјоделски производи;

3) надоместок по основа  на здравствено осигурување, освен надоместок на плата;

4)  паричен  надоместок за време на невработеност, утврден со закон;

5)  детски додаток;

6)  други социјални додатоци за деца, утврдени со закон;

7) надоместок за инвалидност, плата и пензија на инвалидно лице;

8) надоместок  за телесно оштетување;

9) надоместок во случај на смрт на вработеното лице, член на семејството на вработеното лице и член на семејство на обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност до пропишаниот износ;

10) помош за претрпени штети од елементарни непогоди, до најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа;

11) помош за претрпени штети настанати од елементарни непогоди или други вонредни настани исплатени од Буџетот на Република Македонија и буџетите на Градот Скопје и единиците на локалната самоуправа;

12) стипендии на ученици и студенти што ги доделуваат органите на државната управа во согласност со закон и стипендии што ги доделуваат фондации врз основа на веродостојна документација;

13) награди на ученици и студенти освоени на натпревари во рамките на образовниот систем, доделени од Министерство за образование и наука, основни, средни и високообразовни установи;

14) надоместок на ученици и студенти за време на задолжителна практична настава и обука во висина најмногу до 6.000 денари месечно;

15) надоместок на лицата волонтери согласно со Законот за волонтерството;

16) примени донации во согласност со Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности;

17) надоместоците на трошоците за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар, а најмногу до 3.500 денари месечно;

18) надоместок на трошоци за службени патувања, за теренски додаток (сместување, исхрана) или одвоен живот од семејството на вработени лица и на обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството во Република Македонија, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа;

19) организиран превоз до и од работа, како и исхрана за време на работа  утврдени со закон, општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа;

20) надоместок за учество на лице во органите за спроведување на избори и други форми на непосредно изјаснување на граѓаните, како и надоместок на лице за работа во врска со пописот на населението;

21) алиментации и надоместоци на штета по судска одлука и надоместок на штета како последица на несреќа при работа;

22) отпремнина која се дава при заминување во пензија  во висина од две просечни месечни нето плати по работник исплатени во Република Македонија во последните три месеци;

23) еднократен надоместок во вид на испратнина, заради трајно работно ангажирање на работниците, под услови и начин утврдени со закон;

24) надоместок на трошоци за службени патувања (трошоци за превоз, сместување и исхрана) при патување на државните репрезентации и спортските клубови на официјални првенства и други меѓународни натпревари;

25) награди на спортисти за постигнати резултати на официјални меѓународни натпревари;

26) стипендии за спортисти што ги доделуваат органите на државната управа согласно закон;

27) награди што ги доделува Организацијата на Обединетите нации и меѓународните организации;

28) награди за животни достигнувања во науката, културата и спортот;

29) парични надоместоци доделени на национален уметник согласно со Законот за националниот уметник на Република Македонија;

30) паричен надоместок доделен на уметник и стручен соработник од областа на заштитата на културното наследство, кој остварил право на пензија и кој е добитник на една од наградите за областа на културата и уметноста, согласно со Законот за културата;

31) финансиска помош на физички лица – резиденти на Република Македонија која се користи за лекување во земјата или во странство, во висина на направените трошоци на лекувањето, документирани со сметки на здравствените установи кои го извршиле лекувањето, а кои не се покриени од Фондот за здравствено осигурување, како и документирани трошоци за превоз и сместување неопходни  за лекувањето на лицето, доколку не се покриени од Фондот за здравствено осигурување;

32) надоместок на штета по основ на животно и неживотно осигурување;

33) уплатени премии  за колективно осигурување за вработените лица кои  ги плаќа работодавачот за повреди на работа и за обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност;

34) уплатена премија за животно осигурување за една календарска година,  за вработени лица и за обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност, во висина до две просечни месечни бруто плати во Република Македонија, објавени во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика;

35) уплатен придонес во доброволен пензиски фонд за една календарска година,  за вработени лица и за обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност, во висина до две просечни месечни бруто плати во Република Македонија, објавени во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика;

36) камати на депозити во износ до 15.000 денари на годишно ниво;

37) камати по јавни заеми;

38) камати по обврзници издадени од Република Македонија  и единиците на локалната самоуправа;

39) надоместоци на трошоци за хотелско сместување, храна и превоз за лица кои не се вработени кај филмскиот продуцент, кои учествуваат при производство на филм наменет за јавно прикажување, во висина на стварните трошоци, утврдени врз основа на документ за направените трошоци;

40) надоместоци на трошоци за сместување, храна и превоз за лица кои се учесници на настани со времетраење не повеќе од 3 дена, организирани во рамки на активностите на организација основана согласно со Законот за здруженија и фондации, утврдени врз основа на документи за направените трошоци;

41) надоместоци на трошоци за сместување, храна и превоз за членови на синдикатот за активности во рамки на синдикатот, како  и примања на членови на синдикатот од средствата на синдикатот согласно Статут, програма и одлуки на органите на синдикатот, врз основа на документи за направените трошоци, освен исплатени надоместоци на членови на синдикатот по основ на повремено или привремено вршење услуги;

42) доход од продажба на собрани лековити билки и шумски плодови, остварен од физичко лице.

Обврзникот кој е вработен кај корисник на државна помош може да биде ослободен од данокот на доход во рамки на државна помош под услови и по постапка утврдени со закон.

Останато

Извештајот „Doing Business 2019“ на Светска банка на денешната редовна владина седница

Објавено

на

На предлог на Министерството за финансии, на денешната редовна 102-ра седница Владата на Република Македонија ќе го разгледа предлог – законот за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Трансакции со криптовалути во споредба со Visa и Paypal

Објавено

на

Сопствениците на “паричникот” со криптовалути често се согласуваат дека нивните мрежни трансакции се побрзи од главните начини на плаќање, како што се Visa или Paypal. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоин – валута на иднината

Објавено

на

Луѓето се занимаваат со трговија за да разменуваат стоки и услуги во текот на вековитe. Овие размени не секогаш вклучуваа парични плаќања. Имаше време кога стандардните пари дури и не постоеја и луѓето користеа други форми на исплата за вршење трансакции. Со развојот на технологијата, пари и плаќања драстично се сменија. Тековната технологија за обработка на кредитна картичка и напредните деловни решенија овозможуваат финансиски трансакции во речиси секое време и практично на кое било место. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange