Connect with us

Компании

Прилепската пиварница повторно се закити со две светски награди!

Објавено

на

Прилепската пиварница со децении претставува синоним за квалитет по светски стандарди. Двоцифрен и навистина импресивен е бројот на добиени светски награди кои оваа компанија ги поседува во своите простории.

Така, за изминатата 2021 година и беа доделени дури две завидни признанија од групацијата PepsiCo и тоа: „PEPSICO – 3PM Excellence Award” – за одлични перформанси и соработка и можеби уште попозната и попрестижна – „Caleb Bradham Quality Excellence Award“.

„Quality Excellence Award” не е новина за Прилепска Пиварница која во својата голема колекција веќе има неколку вакви престижни признанија. „Caleb Bradham Quality Excellence Award“ е навистина посебна и специјална за сите произведувачи на пијалаци на светско ниво од гамата на PepsiCo, бидејќи е именувана по г. Кејлеб Дејвис Бредам, култниот американски фармацевт – „таткото“ на безалкохолниот пијалок Пепси.

Сето тоа изразено илустративно, би било прикажано вака: „Кога мајсторот му оддава почит и признание на ученикот за одлично завршената работа“ или кога „таткото на Pepsi“ ве пофалува и наградува пред целиот свет дека вие произведувате и правите одлично Pepsi – на светско ниво!

Кејлеб Дејвис Бредам наградата е круна на вистинскиот вкус, квалитетот и безбедноста на производството и високи перформанси на процесите, според ултра високите стандарди на Пепси (PepsiCo) групацијата за нивните производи низ целиот свет. Традиција од еден век која будно го наслушнува задоволството на потрошувачите и ги наградува и пофалува оние кои ги ставаат своите потрошувачи како врвен приоритет.

Со оваа награда, се оценуваат и наградуваат сите произведувачи и се доделува еднаш годишно само на неколку компании во целиот свет. Она што би требало да не прави особено горди е што нашата Прилепска пиварница веќе една декада е постојан член на овој дрим тим на светско ниво – една од најдобрите производители на Pepsi на светско ниво. Конкуренцијата е навистина голема, затоа што во оценувањето на квалитетот на пијалаците од брендовите на PepsiCo учествуваат сите компании производители од целиот свет. Слично, како и Пепси компанијата, нашата Прилепска Пиварница ги инспирира луѓето да направат избори што создаваат повеќе насмевки

Компании

Оглас за вработување во ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје

Објавено

на

Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, дел од групацијата за финансиско советување WVP Group од Грац, Австрија, е лидер на пазарот во Македонија по средства под управување (90+ милиони евра) и повеќе од 6.700 инвеститори во инвестициските фондови и услугата управување со средства на индивидуални клиенти (Wealth Management). ВФП Фонд Менаџмент е прво друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови кое од оваа година влегува и во бизнисот со управување со доброволни пензиски фондови преку регистрирање на четвртиот доброволен пензиски фонд на пазарот, ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.

(more…)

Продолжи со читање

Компании

Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со силни перформанси во првата половина на 2022 година

Објавено

на

Врз основа на неревидираните финансиски извештаи за првите шест месеци од 2022 година Шпаркасе Лизинг Доо Скопје оствари силни перформанси во сите сегменти на работењето, што придонесе и за раст на вкупното портфолио од 16,8% споредено со почетокот на годината, како и:* (more…)

Продолжи со читање


Популарно