Connect with us

Домашни банки

Признание од „Global Finance“ за Комерцијална банка за извонредно кризно лидерство

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје се стекна со признание за Distinguished Crisis Leadership in 2020 (Истакнато кризно лидерство во 2020 година) од страна на угледниот магазин „Global Finance“. Признанието е резултат на максималните напори што ги вложи Банката во услови на пандемија за да ги задоволи потребите и да им помогне на своите клиенти, да ги заштити своите вработени и да обезбеди поддршка на општеството.

Комерцијална се најде во друштво на повеќе банки од целиот свет кои влегоа во поширокиот избор на „Global Finance“ поради покажано извонредно кризно лидерство оваа година. Програмата Outstanding Crisis Leadership in 2020 на магазинот „Global Finance“ ги препознава банките и компаниите кои вложија најголеми напори во одговорот на кризата наметната од глобалната пандемија.

„Годинава светот се соочи со предизвик кој не се памети во поблиската историја, а кој ги загрози и животите и средствата за живот. Многу приватни субјекти се соочија со овој предизвик обезбедувајќи и дополнителна поддршка за владите, вработените, клиентите и општеството и тоа со импресивна креативност и извонредна брзина. Програмата Outstanding Crisis Leadership in 2020 е во чест на овие херои поради нивните исклучителни напори“, стои во изјавата на Џозеф Д. Џиарапуто, издавач и директор на уредништвото на „Global Finance“, објавена на веб-страната на магазинот.

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ се предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација донира лаптопи за студенти и ученици

Објавено

на

Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветува на финансиската писменост на клиентите на членките на асоцијацијата, банките и штедилниците, и вложува ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Онлајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци

Објавено

на

Во услови на пандемија од вирусот Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. (more…)

Продолжи со читање

Популарно