Connect with us

Домашни банки

Приведено едно лице за грабежот на УНИБанка во Крушево

Објавено

на

51 годишниот Т.С. од Крушево е приведен во полициска станица во врска вооружениот грабеж на УНИБанка кој се случи вчера во Крушево околу 16.20 минути, пренесува “Сител”.

Од МВР информираат дека денеска по наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп бил извршен претрес во неговиот дом и помошните простории кои тој ги користел. Во моментов се преземале мерки за расчистување на случајот.

Неофицијално “Сител” дознава дека се уште не се пронајдени украдените пари, чијшто износ според првичните информации изнесува околу 25.000 евра во денарски апоени. Неофицијално, “Сител” известува дека е пронајдена и дел од облеката на осомниченото лице во кој тој бил облечен додека го вршел грабежот, но и тоа треба дополнително да се испита и да се потврди од страна на органите. Инаку вчера окоу 16.20 минути едно машко лице влегло во банката со пиштол, за кој се уште не се знае дали бил вистински или не.

УНИБанка, во врска со вчерашниот вооружен грабеж кој се случи на крајот од работниот ден во експозитурата во Крушево, преку соопштение ја извести јавноста како и своите клиенти дека во овој немил настан, нема повредени и вработените се безбедни и во добра состојба. Банката соработувала со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот.

„Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително.”, известуваат од УНИБанка АД Скопје.

Банката превзема дополнителни мерки за зголемување на нивото на сигурност во сите свои експозитури.

Извор: Сител

Домашни банки

Со онлајн апликација побрзо до трансакциска сметка и дебитна картичка од Комерцијална банка

Објавено

на

Сега веќе едноставно и брзо можете онлајн да отворите трансакциска сметка и да добиете дебитна картичка од Комерцијална банка. Поднесете го барањето онлајн, преку веб страницата на Банката, а Комерцијална банка ќе ви отвори сметка и ќе ја изработи дебитната картичка што вие ќе ја изберете.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Судот им го отежнува патот до правдата на акционерите на Стопанска Банка Скопје

Објавено

на

Координативното тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје до редакцијата на Банкарство достави отворено писмо преку кое имаат за цел да ги остварат своите акционерски права. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Колку чекори се потребни за подарок е-ваучер во вредност од 1.000 денари?

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во соработка со Visa International доделува вредносен е-ваучер на износ од 1.000 МКД за секоја онлајн апликација за платежна картичка од брендот Visa преку Sparky Viber Chat асистентот во само три чекори: (more…)

Продолжи со читање

Популарно