Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Претставување на концептот на Овластен економски оператор пред бизнис секторот

Објавено

на

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Царинската управа на Република Македонија, организира настан  на тема „Овластен економски оператор – нов тренд во царинското работење, предизвици, искуства и поедноставување на царинското работење“.

На настанот е најавено обраќање на директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски  и претседателката на ССК.Данела Арсовска.

Целта на настанот е промовирање на концептот на „Овластен економски оператор“, пред компаниите членови на Сојузот, презентирање на неговата тековна примена, со осврт кон предизвиците, придобивките и досегашните искуства.

Концептот на Овластен економски оператор е еден од инструментите за олеснување на трговијата. Последните измени на Царинскиот закон, се однесуваат и на критериумите за издавање одобрение за овластен економски оператор кои се целосно  усогласени со националните прописи и одредби за ОЕО на Царинскиот закон на Европската унија. Успешноста на примена на концептот зависи од интересот на компаниите да го применуваат.

Останато

Тевдовски: „Фич“ ја потврди добрата фискална политика и реформите во јавните финансии

Објавено

на

Извештајот на кредитната агенција „Фич“, со кој го подигна кредитниот рејтинг на земјава после 13 години, е сериозна потврда за исправната фискална политка, а потенцирани се и реформите кои се направени во системот на јавни финансии. Ова го посочи министерот за финансии Драган Тевдовски презентирајчи го извештајот на кредитната агенција. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Запознајте го Славе Стефановиќ: До 15% поевтин живот благодарение на платформата на Cashback

Објавено

на

Како Славе Стефановиќ ја изгради својата мрежа на пријатели во Cashback и добива

дополнителни попусти кај 1800 трговци (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Прогресивниот данок дава ефекти!

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски изрази задоволство од ефектите на прогресивното одданочување. Тој вели дека приходите од персоналецот за 5 месеци забележале пораст од 17,4%. Сите тврдења дека ќе се намали вработеноста, ќе се зголеми даночната евазија, ќе се намалат платите, според него се покажале како неточни. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange