Останато
Претседателот на ССК, Ангелоски од Војводина: „Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски и потпретседателот проф. д-р Орце Симов остварија посета на Покраинската влада на Војводина, каде беа дел од настан на високо ниво за претставување на асоцијација „Зелен навигатор на Западен Балкан“. Ангелоски е член на Управниот одбор на „Зелен навигатор“ кој е воспоставен како единствена иницијатива на јавниот и приватен сектор основана со цел да ја забрза регионалната трансформација на економијата и локалната заедница кон климатска одржливост.
„Климатските промени силно ги допираат сите сегменти на општеството, тие не познаваат граници и не дозволуваат одложување на преземање на мерки. Мора силно да влијаеме на намалување на емисијата на јаглероден диоксид и на справување со климатските промени. Значајно е тоа што преку „Зелен навигатор“ во фаза на акредитација е Зелен климатски фонд, преку кој ќе се финансираат климатски одговорни инвестиции во приватниот и во јавниот сектор во земјите од Западен Балкан, што ќе биде значаен придонес кон забрзување на зелената трансформација“, рече Ангелоски и истакна дека со задоволство ја прифатил поканата да биде дел од иницијативата „Зелен навигатор на Западен Балкан“, која ја оцени како модерна и пионерска идеја со голем потенцијал.
На настанот се обрати претседателот на Покраинската влада на Војводина Игор Мировиќ, министерката за државна управа и локална самоуправа Марија Обрадовиќ, министерот за европска интеграција и меѓународна соработка Златан Клокиќ како и членови на органите на управување на „Зелен навигатор“. Беше истакнато дека од особена важност е да се забрза процесот на декарбонизација и дека овие активности мора да има континуитет, иако сега вниманието на светската јавност е насочени кон пандемијата, економската криза и воениот конфликт во Украина. Цената што се плаќа од почетокот на индустриската револуција до денес е многу висока, а тоа се одразува во континуираниот раст на штетните гасови и глобалното затоплување, затоа е многу важно да се забрза декарбонизацијата на економијата. Беше изразено и очекување дека оваа иницијатива ќе биде поддржана од стопанството, стопанствениците и меѓународните финансиски институции. Цел на делувањето на „Зелен навигатор“ е и да се поттикнат државните институции да ги усогласат своите политики, за да може да се влијае на намалувањето на штетните гасови и на дигитализацијата на индустрискиот сектор, да се инвестира во обновливите извори на енергија и земјоделството, како и се друго што ќе придонесе за забавување климатските промени и нивното негативно.
Во март годинава се одржа основачкото собрание на „Зелен навигатор“ кога претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски стана член на Управниот одбор. Зелена навигатор функционира со поддршка на Развојниот и Гаранциски фонд на Војводина и Гарантниот фонд на Република Српска, а се формираше на иницијатива на претседателот на Покраинската влада на Војводина, Игор Мировиќ.
Останато
Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)
Останато
Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.
Останато
Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка