Останато
Претседателот на ССК, Ангелоски: Да вложиме повеќе енергијата за развој на регионална соработка


Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски зема учество на годишниот настан со меѓународно учество, „Скопје – Економски и Финансиски Форум” кој го организираше Министерството за финансии, како панелист во панел дискусија посветена на перспективите кои произлегуваат од регионалната соработка и евроатлантските перспективи.
„Треба да вложиме повеќе енергијата за развој на регионална соработка, истовремено да се искористи влијанието на владата и другите институции за да дадат придонес кон забрзување на овој процес, кој доцни. За унапредување на регионалната соработка потребни се неколку круцијални реформи кои ќе обезбедат можности за брзо патување, односно брз проток на стоки и луѓе, дигитализација, која ќе ги олесни бирократските процедури и иновации“, истакна Ангелоски кој објасни дека економската соработка во регионот почнува по војната на Косово, кога компаниите го стартуваат процесот на отворање на подружници во соседните земји.
Тој потенцираше дека иницијативата „Отворен Балкан“ е важна во процесот на забрзување на регионалната соработка, поради што и треба да добие поддршка.
„”Отворен Балкан“ ги направи видливи предизвиците со кои се соочуваат компаниите кои се обидуваат да делуваат регионално, но истовремено нуди и решенија за нивно надминување и постигнување на економски развој во регионот. Во оваа смисла особено е важно подобрување на инфраструктурата, како што е на пример изградбата на железницата со Бугарија. Исто така потенцираме дека покрај тоа што веќе се воспостави зелен коридор за движење на товарни возила, таква можност треба да има и за движење на луѓе. Овие процеси на промени да добијат забрзана динамика“, објасни Ангелоски.
Тој истакна и дека за компаниите е многу важно да го зголемат извозот во регионот бидејќи транспортните трошоци се многу пониски, а исто така и производите се препознатливи како брендови многу повеќе на пазарите во соседните земји, во споредба со подалечните пазари.
Покрај Ангелоски во панелот дискутираа претседателите на стопански комори од нашата земја, од регионот и пошироко како и истакнати бизнисмени од нашата земја, кои имаат меѓународно искуство во водење на бизнис.
Останато
Бесими: Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок


Низ дебата сакаме да дојдеме до најоптималното решение за прогресивниот данок. Не сум да одиме со триумфално решение, туку со решение прифатливо од сите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. (more…)
Останато
Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти


Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)
Останато
Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари


И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје