Connect with us

Останато

Претседателот на ЕИБ Хојер и премиерот Заев се согласија да ги зајакнат зелените инвестиции и да го поддржат економското закрепнување на Северна Македонија

Објавено

на

Европската инвестициона банка (ЕИБ) ќе продолжи да инвестира во социјалниот и економскиот развој на Република Северна Македонија, истовремено поддржувајќи го побрзото закрепнување од пандемијата КОВИД-19 на економијата на земјата и нејзината главна потпора – малите и средни претпријатија (МСП). Претседателот на ЕИБ Вернер Хојер и потпретседателката Лилјана Павлова им посакаа добредојде на премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, министерот за финансии Фатмир Бесими и советникот за надворешни работи на премиерот Едмонд Адеми. ЕИБ презентираше планови за зајакнување на поддршката од Тим Европа, проширување на соработката и засилување на активностите во Северна Македонија и поддршка на примената на Економскиот и инвестицискиот план на Европската комисија за Западен Балкан.

Банката на ЕУ е подготвена да ја прошири својата успешна соработка со Владата на Северна Македонија и да придонесе уште повеќе кон конкурентноста на економијата на земјата, да поддржи големи инфраструктурни проекти и транзиција кон позелен и поодржлив економски модел. Досега, ЕИБ инвестираше приближно 970 милиони евра во 29 проекти во Северна Македонија, поддржувајќи ги клучните сектори на економијата – инфраструктурата, енергетиката, транспортот и МСП.

Приоритет на Банката на ЕУ во Северна Македонија ќе биде олеснувањето на побрзото закрепнување на МСП од КОВИД-19 и обезбедувањето на нови извори на достапно финансирање, помагајќи го овој сегмент во одржувањето на работните места, надминувањето на прашањата за ликвидност и продолжувањето со инвестиции, што на крајот ќе ја зголеми нивната конкурентност на пазарите во регионот. Поддршката на Групацијата ЕИБ за МСП во форма на заеми и гаранции, исто така, ќе го потпомогне домашниот финансиски сектор и ќе ја зајакне неговата способност да го поттикне економскиот раст без да ја загрози неговата долгорочна стабилност.

Претседателот на ЕИБ, Вернер Хојер, рече: „Наш приоритет е да ѝ помогнеме на Северна Македонија што побрзо да се опорави од КОВИД-19 и да напредува по нејзиниот пат за пристапување кон ЕУ, да поддржиме транзицијата кон позелена, поинклузивна и поодржлива економија. Премиерот Заев и јас споделуваме европска визија и посветеност кон економски силен регион на Северна Македонија и Западен Балкан и би сакале да видиме дека Северна Македонија има што е можно поголема придобивка од повеќето милијарди евра обезбедени со Економскиот и инвестицискиот план на Европската комисија. Како климатска банка на ЕУ, ЕИБ ја поздравува силната посветеност на премиерот Заев за поддршка на имплементацијата на Зелената агенда и јас сум задоволен што гледам цврста низа на зелени инвестиции што се одвиваат во Северна Македонија. Амбицијата на Банката на ЕУ е да направи уште повеќе и да поддржи инвестиции во обновливата енергија, енергетската ефикасност и дигиталните сектори. Пандемијата особено ја погоди Северна Македонија, но земјата, премиерот Заев и неговата Влада можат да сметаат на опиплива поддршка од ЕИБ за закрепнувањето на неговата земја“.

Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев изјави: „Северна Македонија ја усвои Зелената Агенда за структурен развој на секторите транспорт, енергетика и климатски промени. Имаме амбициозна агенда којашто зависи од значајните инвестиции но и од повеќе-генерацискиот придонес кон иднината не само на Северна Македонија, туку и на Европа во целост. Такви се двата проекти за кои аплициравме – Пречистителната станица во Скопје и третата фаза од железничкото поврзување по Коридорот 8, источното крило кон Бугарија.   Уверен сум дека Европската инвестициска банка може да биде нашиот клучен партнер во овој подвиг и се радуваме на блиската и успешна соработка во годините кои ни претстојат.”

На истиот настан, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир изјави: „Ако научивме нешто од пандемијата КОВИД-19, тоа е дека сите мора да работиме заедно како тим, за да имаме резултати од корист на нашите општества. Тимот Европа покажа, дека ако сме обединети, можеме да постигнеме одлични резултати и дека солидарноста е можна дури и во најтешките времиња. Европската Унија ги прилагоди своите приоритети и програми со Северна Македонија за справување со кризата и придонесе со над 226 милиони евра за ублажување на здравствените, социјалните и економските ризици. Додека сите се обидуваме да продолжиме и да ја подобриме нашата отпорност на кризи, Европската Унија и Владата на Северна Македонија градат партнерство кое се стреми кон повеќе. Ние се обидуваме да ги развиеме најдобрите решенија за промовирање на Зелената агенда, промовирање на поврзаноста и зајакнување на трговијата во рамките на Заедничкиот регионален пазар на ЗБ6. Имплементацијата на Економскиот и инвестицискиот план е клучна во овој контекст и Европската инвестициона банка има клучна улога во неговата реализација. Заедно можеме да помогнеме во изградбата на подобри, поодржливи и позелени економии и заеднички можеме да ѝ помогнеме на Северна Македонија да транзитира кон и да биде подготвена за дигиталното време“.

Лилјана Павлова, потпретседателката на ЕИБ, одговорна за Северна Македонија, додаде: „Драго ни е што гледаме дека нашата соработка со Република Северна Македонија оди напред и дека сме препознаени како доверлив партнер за целиот регион на Западен Балкан. Наша цел е да го зајакнеме нашето партнерство со нови инвестиции што ќе овозможат зелена и дигитална транзиција кон поконкурентен пазар и нови можности за работа. Нашиот фокус ќе биде да ѝ помогнеме на земјата да ги прифати можностите утврдени во Економскиот и инвестицискиот план како можност за брзо и одржливо закрепнување од КОВИД-19, создавање на посилен регионален пазар и подобра клима за инвестиции.”

Поддршка за Северна Македонија и Западен Балкан за КОВИД-19

Како дел од целокупните напори на ЕУ во рамките на Тим Европа за ублажување на економскиот пад од пандемијата КОВИД-19, само во 2020 година ЕИБ мобилизира над 1 милијарда евра за економиите на Западен Балкан. Овие средства се дел од 1,7 милијарди еврапридонес на ЕИБ на пакетот Тим ​​Европа од 3,3 милијарди евраобјавен од Европската комисија на Самитот на земјите од Западен Балкан во Загреб во мај 2020 година.

За поддршка на македонските МСП, Групацијата ЕИБ инвестираше 20 милиони евра, овозможувајќи им на МСП пристап до нови извори на финансирање за надминување на ликвидносните ограничувања и зачувување на работните места за време на пандемијата. Банката е подготвена да обезбеди значајни износи за македонските МСП во 2021 година и во иднина.

Како долгогодишен партнер на Северна Македонија, Групацијата ЕИБ обезбеди 653 милиони евра за македонските МСП и средни компании од почетокот на своето работење во земјата, одржувајќи над 99 000 работни места.

Климатски активности за зелен Западен Балкан

Како климатска банка на ЕУ, ЕИБ е подготвена да ја прошири својата поддршка за енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и дигиталните проекти на Западен Балкан и да придонесе за негова побрза транзиција кон позелена, поинклузивна и одржлива економска област.

Овие инцијативи го поддржуваат спроведувањето на Економскиот и инвестицискиот план на Европската комисија. ЕИБ е подготвена да придонесе со финансирање и техничка советодавна поддршка кон создавање на заеднички пазар во регионот, усогласен со синџирите на вредности на ЕУ.

Инвестиции во транспорт, дигитализација и МСП

Во контекст на Економскиот и инвестицискиот план, ЕИБ во моментов разгледува голем број нови проекти во Северна Македонија, вклучително и проширување на железничката мрежа вдолж Коридорот VIII за создавање на одржлива транспортна инфраструктура за Северна Македонија и Западен Балкан. Дополнително, планирани се нови инвестиции во секторот за заштита на животната средина и закрепнување на малите и средни претпријатија.

Овие инвестиции ќе ја зајакнат позицијата на ЕИБ како еден од водечките финансиери во регионот на Западен Балкан и ќе се додадат на претходните 8,5 милијарди евра кои таа ги инвестира од 2009 година, како поддршка на социоекономскиот развој на регионот и процесот на пристапување.

Останато

Нина Ангеловска по втор пат избрана за “жена амбасадор за е-трговија” на УНКТАД

Објавено

на

Нина Ангeловска, по втор пат беше избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Објавено

на

Информациските и комуникациски технологии доколку се користат на соодветен начин можат да допринесат за значително подобрување на квалитетот на живот, работа и создавање нови вредности, со што повеќекратно се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии, реагира Саша Огненовски од ИКТ Комората на Македонија поврзано со полемиките кои се водат во јавноста околу воведување на дигитализација на учебниците во образовниот процес. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ и УНДП потпишаа Меморандум за унапредување на фискалната децентрализација, реформи во јавните финансии и економски развој

Објавено

на

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги поддржи планираните реформи во насока на унапредување на фискалната децентрализација во земјава и зајакнување на капацитетите на локалните власти, како и градењето подобар систем на јавни финансии, воопшто. Помеѓу Министерството за финансии, претставувано од министерот за финансии, Фатмир Бесими и постојаната претставничка на УНДП во земјава, Нарин Сахакјан беше потпишан Меморандум за разбирање, којшто предвидува соработка во повеќе области. (more…)

Продолжи со читање


Популарно