Connect with us

Странски банки

Претседателот на ЕИБ, Вернер Хојер, ги пофали достигнувањата на Берлинскиот процес и ја потврди зголемената поддршка на ЕИБ за Западен Балкан

Објавено

на

Вернер Хојер, претседател на Европската инвестициска банка (ЕИБ), банка на Европската унија, зборуваше на Самитот за Западен Балкан во Берлин на 5. јули и ги потврди цврстата посветеност на ЕИБ кон Западниот Балкан и подготвеноста да се интензивира поддршката за премин кон поеколошки, подигитален и поинклузивен економски раст.

Берлинскиот процес го олесни развојот на партнерство меѓу земјите-членки на ЕУ и вклучените партнери од Западен Балкан – помагајќи да се унапреди Агендата за поврзување во регионот. Исто така, создаде политички консензус ширум регионот и привлече поддршка од ЕУ за стратешките активности на Зелената агенда, дигиталната трансформација и Заедничкиот регионален пазар.

Претседателот на ЕИБ, Вернер Хојер, рече: „Одлично е да ви се придружам, да прославиме за Берлинскиот процес којшто ги зближи регионот и неговите жители и нив ги доближи до ЕУ. Финансирањето поврзано со овој процес беше за восхит. Оваа соработка остана несмалена во вакво време на нужда: Иницијативата Тим Европа – чијшто главен финансиер е ЕИБ – ги истакнува посветеноста и солидарноста на ЕУ со регионот“.

(Целиот говор е на овој линк: https://youtu.be/UVmXvhiJWtE)

Поддршка од повеќе милијарди евра за Западен Балкан

Од 2009 година, ЕИБ посвети речиси 10 милијарди евра во Западен Балкан во сите клучни економски сектори, поддржувајќи ги виталните инфраструктурни проекти и развојот на приватниот сектор. Како активен партнер во Берлинскиот процес од самиот почеток, ЕИБ ќе продолжи да ги поддржува стратешките приоритети и да обезбедува финансиска и техничка експертиза за стратешките инфраструктурни проекти во регионот и неопходните законски реформи.

ЕИБ останува целосно посветена на социоекономскиот развој на регионот и продолжува со својата практична поддршка за процесот на пристапување. Досега, ЕИБ инвестираше над 5 милијарди евра во транспортниот сектор на Западен Балкан, поддржувајќи ги регионалнатасоработка и поврзаност.

Витална поддршка за побрзо обновување од КОВИД-19 на Западен Балкан

Банката на ЕУ исто така беше во првите редови на поддршка од ЕУ за побрзо закрепнување од КОВИД-19 на економиите од Западен Балкан, исполнувајќи ја својата обврска од 1,7 милијарди евра објавена во рамките на иницијативата Тим Европа во мај 2020 година. Оваа поддршка на ЕИБ му помогна на регионот да олесни некои од непосредните последици од пандемијата, да закрепне побрзо и да ги зајакне клучните сектори на економиите — инфраструктурата и малите и средни претпријатија (МСП). Само во 2021 година, Банката ја зголеми финансиската поддршка на Западен Балкан со инвестирање близу 600 милиони евра во проекти во Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, и Косово 1 * *.

Економски и инвестициски план – солидна основа за отклучување до 20 милијарди евра за нови можности за одржливо инвестирање

Банката на ЕУ однапред се радува на соработката со Европската комисија, колегите финансиери и партнерите од Западен Балкан во врска со економскиот и инвестицискиот план на Комисијата вреден 9 милијарди евра за регионот.

“ЕИБ е мостот на којшто се состануваат политиките на ЕУ и издржаните проекти. Изразуваме непопустлива поддршка за посветеноста на ЕУ кон Западен Балкан, како и за ставот дека иднината на Западниот Балкан е во ЕУ“, заклучи претседателот Хојер.

Со Европската комисија и нашите партнери финансиери, како што е Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Банката планира да го забрза спроведувањето на проектите на терен, осигурувајќи дека инвестициите даваат конкретни резултати за граѓаните и деловните субјекти во регионот и придонесуваат за забрзување на конвергенцијата и пристапувањето. ЕИБ исто така го коорганизира Самитот за железници на Европската комисија што ќе се одржи во септември во соработка со Транспортната заедница и ЕБОР по повод Европската година на железницата. Самитот ќе создаде платформа за дискусија во врска со прашањата на политиката и проектите во железницата, наведени во Економскиот и инвестициски план за регионот и Стратегијата за одржлива и паметна мобилност.

Како климатска банка на ЕУ, ЕИБ активно ќе го поддржи преминот кон поеколошки, подигитален и поодржлив економски модел, како во однос на инфраструктурата, така и во развојот на приватниот сектор. Покрај инвестициите поврзани со поврзаноста и развојот на МСП, Банката исто така ќе ја интензивира поддршката за здравството, образованието, животната средина и развојот на општините и ќе ја зајакне социјалната вклученост преку иновативни инструменти за финансирање и зголемена техничка помош.

Странски банки

30.000 банкари остануваат без работа како последица на банкарската криза?

Објавено

на

Спасувањето на „Credit Suisse“ од страна на најголемата швајцарска банка „UBS“ се очекува да резултира со укинување на десетици илјади работни места, а швајцарскиот финансиски сектор веќе се подготвува за тешкиот удар дел од спорното преземање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Најсигурната валута повеќе не е сигурна како последица од банкарската криза во Швајцарија

Објавено

на

Швајцарскиот франк кој досега важеше за најсигурна и најстабилна светска валута полека ја губи довербата на финансиските пазари откако акциите на „Credit Suisse” паднаа на помалку од една третина од нивната претходна вредност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

UBS го презема конкурентот Credit Suisse за три милијарди евра!?

Објавено

на

Најголемата швајцарска банка „UBS” се согласи да ја купи конкурентската швајцарска банка „Credit Suisse” за 3,23 милијарди долари (околу три милијарди евра) во акции, како и да преземе загуби до 5,4 милијарди долари (околу 5,05 милијарди евра), врз основа на швајцарскиот план на властите да се избегнат дополнителни потреси во банкарскиот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно