Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

Претседателот на ЕБОР доаѓа во Скопје

Објавено

на

Претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти, на 6-ти мај во Скопје ќе се сретне со владини претставници и претставници од бизнис заедницата, за време на регионалната посета на Западен Балкан, која доаѓа како подготовка пред Годишното собрание на ЕБОР, кое се одржува следната недела во Сараево.

Чакрабарти ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, со вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски, пред да го посети Скопје Сити Мол, првиот шопинг центар финансиран од ЕБОР во Северна Македонија.

„Претседателот на ЕБОР, ќе ја потврди посветеноста на Банката во однос на натамошните инвестициите во земјата и на Западен Балкан. Ќе ја истакне и позицијата на Банката како стратешки партнер на Северна Македонија, која до денес е водечки институционален инвеститор со 1.9 милијарди евра евра во 150 проекти. Банката со своите активности во Северна Македонија се фокусира на поддршка на конкурентен развој на приватниот сектор, зајакнување на безбедноста и одржливоста на енергијата, како и поддршка на поврзувањето и регионалната интеграција“, се вели во соопштението од ЕБОР.

Минатата година ЕБОР ги интензивираше активностите на Западен Балкан, инвестирајќи над 1.1 милијарди евра во 67 проекти. Банката планира да го задржи или за нијанса да го зголеми нивото на досегашните регионални инвестиции.

Странски банки

Историски најголем пад на акциите на Deutshe Bank

Објавено

на

Акциите на германскиот банкарски гигант “Deutsche Bank” доживеаа пад за 3 проценти, достигнувајќи најниска вредност во историјата, неколку дена пред годишната конференција. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Пет банкaрски гиганти ќе платат казна од 1 милијарда евра

Објавено

на

Европската комисија (ЕК) објави дека казнила пет банкарски гиганти со 1,07 милијарди евра за учество во картели, пренесува „Спутник“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Испечатиле 46 милиони банкноти и дури потоа виделе дека има печатна грешка!

Објавено

на

Австралиската централна банка преземала одговорност за отштампаната грешка на 46 банкноти, откако една радио станица објави на друштвените мрежи дека на банкнотите има микроскопска грешка. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange