Connect with us

НБРМ

Претседателот Иванов предложи Гувернерот Богов да раководи со НБРМ уште еден мандат

Објавено

на

Претседателот Ѓорге Иванов, повторно го предложи Димитар Богов за гувернер на Народната Банка. Сега на потег ќе биде Собранието кое треба да го гласа предлогот на Иванов директно на пленарна седница.

Изборот на иден гувернер практично ќе значи тест за соработката меѓу претседателот и Владата, односно парлaмeнтарното мнозинство.

Според деловникот на Собранието, нема рок до кога најдоцна Џафери треба да го стави Богов на гласање, но сепак треба да се има предвид дека мандатот на Богов истекува на 21 мај.

Од кабинетот на Иванов соопштија дека Богов е единствениот предлог затоа што Македонија од 2015 година па наваму е позитивно оценета во извештаите на Европската комисија во делот на монетарната политика и  централнобанкарското работење.

Од кабинетот велат дека за својот предлог Иванов во изминатите два месеци се консултирал со Стопанските комори, банкарите и со МАНУ, со цел Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа значајна функција.

Доколку Собранието го изгласа Богов тоа ќе биде негов втор мандат како гувернер. Тој е на оваа позиција од 2011 година.

НБРМ

Гувернерката на НБРМ на Форумот на централно банкарство на ЕЦБ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на Форумот на централно банкарство на Европската централна банка (ЕЦБ), којшто традиционално се одржува во Синтра, Португалија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ЦЕФ со поддршка од НБРМ: Oддржана меѓународната веб-конференција „Финансиската вклученост и улогата на платните системи”

Објавено

на

Денес, 14 јуни 2018 година, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), со поддршка од Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Централната банка на Холандија, Банката на Словенија и словенечкото Министерство за надворешни работи, успешно се оддржа веб-конференцијата „Финансиската вклученост и улогата на платните системи”, на која учесници беа вработени и раководители во одделите за платни системи и платежни услуги на повеќе централни банки и други финансиски институции на земји од Југоисточна Европа, Блискиот Исток, Азија и Африка. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Одржана 29. сесија на Клубот на истражувачи на НБРМ

Објавено

на

Вчера, 13 јуни 2018 година, во Народната банка на Република Македонија се одржа 29. сесија на Клубот на истражувачи, која предизвика голем интерес, забележлив и преку бројот на пристигнатите трудови и пријави за учество и преку присуството на вчерашниот настан. Како што потенцира и гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска во своето поздравно обраќање, особено радуваат интересот и подготвеноста за студиозно и аналитичко пристапување кон актуелни теми од областа на економијата. Во исто време, за оваа сесија интерес искажаа и припадници на академската заедница, што претставува потврда дека Клубот, кој бележи речиси седумгодишно постоење, веќе е препознаен и етаблиран како реномирана отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange