Странски банки
Претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо во посета на Северна Македонија

Претседателката на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) Одил Рено-Басо денеска првпат ќе престојува во посета на нашата држава, при што ќе оствари средби со премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии за финансии Фатмир Бесими, претставници на банки од приватниот сектор и инвеститори.
Рено-Басо ќе учествува и на Скопскиот економски и финансиски форум, каде ќе има обраќање и ќе зборува за одржливиот раст и транзицијата на ниски вредности на јаглероден диоксид.
Како што најавија од ЕБОР, таа ќе потпише нов кредитен договор со Стопанска банка под новата ЕБОР програма насловена „Одржливо поттикнување на МСП” во износ од четири милиони евра, кредитна линија која ќе ги поддржува малите и средни претпријатија (МСП).
„ЕБОР е главниот инвеститор во Северна Македонија, која е важна дестинација за инвеститорите, за нас, но и за целиот регион на Западен Балкан”, вели во пишана изјава Одил Рено-Басо.
Таа додава дека со нетрпение ги очекува дискусиите за нивните следни проекти со властите, вклучувајќи го и натамошно подобрување на транспортот и развојот на приватниот сектор.
„ЕБОР стои до Северна Македонија во напорите на земјата да ја подобри енергетската безбедност и да направи декарбонизација на економијата, два предизвика кои се мошне важни во моменталниот геополитички и економски контекст”, посочува Одил Рено-Басо.
Претседателката на ЕБОР доаѓа во посета на земјата еден месец после посетата на потпретседателот за политика и партнерство на ЕБОР Марк Боуман, кој исто така беше во Скопје.
Дел од инвестициските проекти во земјата, кои се разгледуваат за поддршка, се изградбата на делот на интерконекцијата на гас меѓу Северна Македонија и Грција, делот од автопатот меѓу Скопје и косовската граница, подобрување на менаџментот со цврст отпад во земјата, како и поголем број кредитни линии за локалните банки за подобрување на енергетската ефикасност, кои ќе бидат понатаму пласирани на малите и средни претпријатија. Кредитите на ЕБОР ќе имаат и грант компонента обезбедена од донаторите од ЕУ, Обединетите Нации, Швајцарија, Шведска, САД, Норвешка, Луксембург и други донатори.
„Енергетската ефикасност е област каде ЕБОР и донаторите работат да и помогнат на Северна Македонија во транзицијата на земјата кон ниски вредности на јаглероден диоксид. Банката веќе има направено поголем број инвестиции во електричната мрежа и новите енергетски извори, правејќи ја земјата енергетски побезбедна и помалку зависна од увоз на гориво”, се наведува во соопштението од Канцеларијата на ЕБОР.
ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. Досега има инвестирано над 2,2 милијарди евра, во 161 проект во државава.
Странски банки
Европската централна банка ги зголемува референтните каматни стапки за 25 базични поени

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ги зголеми клучните каматни стапки за 25 базични поени поради високите инфлациски притисоци. (more…)
Странски банки
ЕЦБ подготвува ново зголемување на каматните стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ќе ја зголеми референтната каматна стапка како дел од борбата против инфлацијата, на следниот состанок на Советот на гувернери. (more…)
Странски банки
Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан

Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје