Connect with us

Домашни банки

Престижниот финансиски магазин „Global Finance“ ја прогласи Охридска банка за „Најдобра банка во Македонија” за 2020 година

Објавено

на

Петта година по ред, светскиот финансиски магазин „Global Finance“, ја прогласува Охридска банка, за Најдобра банка во Македонија.

Оваа публикација, издадена од Светска Банка, 27-ми пат по ред ја објавува листата на добитници на престижната награда „Најдобра банка“ за земјите од Централна и Источна Европа.

Единствена банка од Македонија, која петта година во низа ја добива оваа награда е токму Охридска банка, која од неодамна е дел од Шпаркасе Групацијата.

Според Уредувачкиот одбор и Директорот на Глобал Фајненс г. Џозеф Д. Гиарапуто, банкарската индустрија се повеќе се соочува со зголемените барања на клиентите за безбеден пристап во рално време, целосна контрола и широка флексибилност во работењето.

Токму Охридска банка, постојано работи во насока на остварување на сите специфични барања на клиентите, следење на пазарните трендови, воведување иновативни производи, како и интензивирање на користењето на е-сервиси кои се безбедни и достапни за сите клиенти.

„Да се биде прогласен пет години по ред за Најдобра Банка во Македонија, особено од страна на врвен банкарски авторитет во светот, како што е Global Finance претставува огромна чест, но и голема одговорност. Ова е историска година за Охридска банка од повеќе аспекти. Се наоѓаме во период на интеграција на Охридска банка со Шпаркасе Банка Македонија, и континуирано работиме во насока на поставување на силна и значајна системска банка која ќе биде 4-та по големина во банкарскиот сектор во земјата. Продолжуваме кон нашата стратешка цел, и силно верувам дека сите наши резултати и достигнување ќе дадат силна потпора во креирањето на уште посилна и помоќна Шпаркасе Банка Македонија, која се очекува да биде целосно интегрирана во Мај 2021 година.

Од друга страна пак, соочени сме со неизвесностите кои ни ги донесе корона кризата и исправени сме пред предизвикот да одговориме соодветно на потребите на нашите клиенти, на институциите, на економијата и на нашите вработени. Ваквите меѓународни признанија се уште една потврда за улогата која ја има Охридска банка во банкарскиот сектор во земјата, за нашата стабилност, конзистентност и посветеност и во вонредни услови“, изјави Нина Неданоска, Претседател на Управниот Одбор на Охридска банка.

Наградата на Охридска Банка за „Најдобра банка во Македонија за 2020“ ќе и биде доделена на свечена церемонија на 17 октомври 2020 година во рамките на годишното собрание на ММФ / Светска банка (IMF/World Bank) во Вашингтон, САД, каде на едно место ќе се сретнат претставници од 23. најдобри банки од Централна и Источна Европа.

Домашни банки

Уникатна кобрендирана картичка на пазарот – Шпаркасе Банка и АМСМ со многу бенефити за корисниците

Објавено

на

Шпаркасе Банка и АМСМ официјално потпишаа договор за меѓусебна соработка и во оптек ја лансираа новата кобрендирана Visa кеш бек кредитна картичка за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Објавено

на

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Популарно