Домашни банки
Препораки од ТТК Банка во врска со исплатата на априлските пензии

ТТК Банка АД Скопје ги потсетува своите клиенти пензионери дека според веќе објавениот распоред, исплатата на априлските пензии на шалтер за пензионерите коишто не поседуваат дебитни картички ќе се спроведе по групи:
- во понеделник, 27 април – пензии со висина до 11.000 денари;
- во вторник, 28 април – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
- во среда, 29 април – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
- во четврток, 30 април – пензии во висина над 18.000 денари.
Банката апелира за придржување до распоредот за исплатата на пензиите на шалтер и за почитување на следните препораки:
Во периодот од 8 до 12 часот приоритет имаат лицата над 67 години
Во периодот од 8 до 12 часот, кога е дозволено движење на лицата над 67 години, граѓаните коишто се во други возрасни групи, особено следната недела од 27 до 30 април, пожелно е да им дадат приоритет и предност на повозрасните граѓани коишто имаат потреба од банкарски услуги.
Задолжително растојание од најмалку 2м
Да се почитуваат правилата за чекање ред на обележаните места и одржување меѓусебно растојание од најмалку 2 метри пред и по влегувањето во филијалите/експозитурите.
Задолжително носење заштитна маска
При влез во филијала/експозитура задолжително е носење лична заштитна опрема за носот и устата којашто може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал и сл.
Задолжителна дезинфекција на рацете при влез
Да се почитуваат правилата за задолжителна дезинфекција на рацете при влез во филијалите/експозитурите.
Аплицирајте за дебитна картичка
При посета на филијалите и експозитурите во текот на следната недела, пензионерите коишто досега не поседуваат дебитна картичка можат да го поднесат барањето за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време за плаќање во трговската мрежа, како и можноста за нивно подигнување од банкомат.
Плаќајте безготовински
ТТК Банка апелира средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа или преку електронското и мобилното банкарство.
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје