Connect with us

НБРМ

Препораки од Народната банка во врска со исплатата на мајските пензии

Објавено

на

По известувањето дека сите банки се подготвени да ја реализираат предвремената исплата на мајските пензии, Народната банка апелира:

  • Пензионерите коишто поседуваат дебитна картичка и од среда ќе располагаат со својата мајска пензија, заради заштита на јавното здравје да настојуваат секогаш кога имаат потреба од готовина, за таа цел да ги користат банкоматите. Со тоа ќе придонесат за помало физичко присуство во банките и ќе им дадат предност на пензионерите коишто во моментот не поседуваат дебитна картичка. Во трговската мрежа, секогаш кога е можно, најсоодветно е плаќањата да се вршат безготовински – со употреба на картичката.
  • При посета на филијалите и експозитурите на банките, пензионерите коишто досега не поседуваат дебитна картичка, да поднесат барање за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време, без да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите за да подигнат готовина.
  • Граѓаните коишто се во други возрасни групи, особено во текот на готовинската исплата на пензиите, при посета на филијалите и експозитурите на банките, да им дадат предност на пензионерите коишто имаат потреба од банкарски услуги.
  • При една посета на филијала/експозитура да се реализираат сите банкарски услуги за коишто клиентот смета дека во овој период е потребно физичко присуство во банките.
  • При посета на филијалите и експозитурите да се почитува обврската за задолжително носење лична заштитна опрема (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, марама или шал, бандана и слично).
  • Да се почитуваат насоките за соодветна раздалеченост од другите лица, пред и во објектите на банките.

 

Народната банка потсетува дека според веќе објавениот распоред, исплатата на мајските пензии за пензионерите коишто не поседуваат дебитни картички ќе се спроведе по групи:

  • во среда, 27 мај – пензии со висина до 11.000 денари;
  • во четврток, 28 мај – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • во петок, 29 мај – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • во понеделник1 јуни – пензии во висина над 18.000 денари.

 

Народната банка апелира за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица во филијалите и експозитурите на банките значајно да се намали, во корист на здравјето.

Како и при исплатата на априлските пензии, НБРСМ ќе биде во интензивна комуникација со банките, заеднички настојувајќи и сите активности поврзани со исплатата на мајските пензии да се остварат на начин којшто е најсоодветен за да се заштити јавното здравје.

Народната банка верува дека системскиот пристап којшто се воспостави при претходната исплата на пензиите, со заеднички заложби на банките и на сите институции вклучени во процесот, и овојпат ќе ги даде очекуваните резултати, во функција на заштита на јавното здравје.

НБРМ

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“ за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери

Објавено

на

Народната банка е добитник на наградата на една од водечките меѓународни деловни банки во Европа, „Комерцбанк“, за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Продолжува трендот на намалување на каматните стапки на кредитите

Објавено

на

Каматната стапка на кредитите во мај просечно изнесува 4,83 отсто и претставува продолжување на трендот на намалување од 0,03 процентни поени на месечно и 0,37 процентни поени, покажуваат објавените податоци на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2021 година

Објавено

на

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри. (more…)

Продолжи со читање

Популарно