Connect with us

НБРМ

Препораки на Народната банка во врска со исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

По известувањето дека сите банки се подготвени да ја реализираат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, притоа водејќи грижа за заштита на јавното здравје, од Народната банка апелираат:

  • При посета на филијалите и експозитурите на банките, корисниците на парична помош од социјална и детска заштита коишто досега не поседуваат дебитна картичка, да го поднесат барањето за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, од следниот месец, паричната помош од социјална/детска заштита ќе им биде достапна без да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките за да подигнат готовина.
  • При посетата на филијала/експозитура да се реализираат и другите банкарски услуги за коишто корисникот на паричната помош смета дека во овој период е потребно физичко присуство, со цел да не мора неколкукратно да ја посетува банката во краток период.
  • Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитна картичка и од вторник, 2 јуни 2020 година, ќе располагаат со средствата, заради заштита на јавното здравје да настојуваат секогаш кога имаат потреба од готовина, за таа цел да ги користат банкоматите. Со тоа ќе придонесат за помало физичко присуство во банките и ќе им дадат предност на корисниците коишто во моментот не поседуваат дебитна картичка. Во трговската мрежа, секогаш кога е можно, најсоодветно е плаќањата да се вршат безготовински – со употреба на картичката.
  • При посета на филијалите и експозитурите да се почитува обврската за носење лична заштитна опрема (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба и слично).
  • Да се почитуваат насоките за задолжителна дистанца од другите лица, пред и во објектите на банките.
  • Да се почитуваат насоките за дезинфекција на рацете при влез во објектите на банките.

Од Народната банка потсетуваат дека според веќе објавениот распоред, исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, за корисниците коишто не поседуваат дебитна картичка ќе се спроведе во три групи, по азбучен ред, според првата буква од презимето:

  • во вторник, 2 јуни – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
  • во среда, 3 јуни – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
  • во четврток, 4 јуни – П Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

 

Народната банка апелира за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица пред филијалите и експозитурите на банките да биде помала, во корист на здравјето.

И при оваа исплата, Народната банка ќе биде во интензивна комуникација со банките, заеднички настојувајќи сите активности поврзани со исплатата да се остварат на начин којшто е најсоодветен за да се заштити јавното здравје.   

Од Народната банка веруваат дека како и при готовинските исплати по групи во изминатиот период, системскиот и координиран пристап, и при оваа исплата ќе ги даде очекуваните резултати.

НБРМ

Продолжува трендот на намалување на каматните стапки на кредитите

Објавено

на

Каматната стапка на кредитите во мај просечно изнесува 4,83 отсто и претставува продолжување на трендот на намалување од 0,03 процентни поени на месечно и 0,37 процентни поени, покажуваат објавените податоци на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2021 година

Објавено

на

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ММФ: Стабилниот денар е клучно сидро на макроекономските политики

Објавено

на

Режимот на де факто фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото е нешто што е корисно за земјата веќе неколку децении, претставувајќи клучно сидро на макроекономските политики. Знаеме дека НБРСМ останува силно посветена на одржување на стабилноста на девизниот курс. (more…)

Продолжи со читање

Популарно