Connect with us

Странски банки

Премиерот на Украина апелираше до банките да ги намалат каматните стапки

Објавено

на

Украинскиот премиер Владимир Гројсман ја повика народната централна банка да ги намали наматните стапки со цел да се стимулира кредитирањето.

Оваа мерка се бара само неколку денови откако централната банка значајно ги зголеми каматните стапки со цел ограничување на инфлацијата.

“Во овој момент сметаме дека каматната стапка на кредитите мора да биде пониска, бидејќи е потребно кредитите да се достапни на домашната економија”, изјави Гројсман на седница на владата.

Централната банка во текот на изминатата недела ја зголемила референтната каматна стапка за 1,5 процентни поени на 16% со цел ограничување на тврдоглаво високата инфлација, која на крајот на декември достигна 13,7%.

“Каматните стапки би можеле да бидат дополнително зголемени, доколку гледано на среден рокк, не се забележи намалување на притисокот од инфлацијата”, соопштија во декември од централната банка.

Странски банки

JP Morgan Chase е доминантна банка на пазарот на благородни метали

Објавено

на

Во текот на 2020 година, „JP Morgan Chase” имаше рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали, околу една милијарда долари и далеку ги надмина своите ривали. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

#EdgarsChristmas (Божиќот на Едгар): Посебна божиќна реклама за оваа невообичаена година

Објавено

на

Веќе трета година по ред, Групацијата Ерсте подготви анимирана реклама посебно наменета за божиќните празници, што несомнено ќе Ви го привлече вниманието со својата креативност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19

Објавено

на

Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно