Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Премиерот Зоран Заев ќе учествува на годишната средба на ЕБОР во Сараево со останатите лидери од Западен Балкан

Објавено

на

Редовната средба на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) годинава ќе се одржи во Сараево од 7 до 9 мај, а на неа ќе учествува и премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со сите останати лидери на земјите од Западен Балкан. Повеќе од 2.000 претставници на меѓународната бизнис-заедница, инвеститори, високи владини службеници (гувернери на ЕБОР, министри за финансии, економисти, благајници или централни банки), како и лица од граѓанските организации ќе ја посетат Босна и Херцеговина.

“Оваа „Годишна конференција“ овозможува идеална прилика да се сврти вниманието кон потенцијалот за инвестиции, економски раст и создавање нови работни места. Европската банка за обнова и развој (European Bank for Reconstruction and Development – EBRD) сака да придонесе во креирањето економија што ќе овозможи просперитет и развој на локалната популација, како и создавање рамка што ќе го забрза процесот на вклучување во Европската Унија. Сигурен сум дека еден ден ќе се сеќаваме на овој настан како на значаен чекор во процесот на остварување на овие цели” – вели Енцо Куатрокиоче, генерален секретар на ЕБОР.

Освен претседателот на Владата на Република Северна Македонија, и Денис Звиздиќ, претседавачот на советот на министри на БиХ, настанот со пристуство ќе го поддржат и Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, Премиерот на Албанија, Еди Рама, Претседателот на Косово, Хашим Тачи и Претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

“Ова е еден од проектите за кои што се залагам уште од 2010 година. Токму затоа сум исклучително среќен што можеме да ја поддржиме организацијата на овој извонреден настан. Ме радува што оваа приказна ќе биде поддржана од претставниците на земјите од Западен Балкан и се надевам дека оваа средба ќе ја искористиме со цел заеднички да го претставиме нашиот потенцијал и економски да напредуваме” – рече Мирко Шаровиќ, Министер за трговска размена и економски врски.

Лидерите на земјите од Западен Балкан ќе се сретнат во рамки на програмата на оваа конференција и ќе дискутираат за низа прашања од економска и од политичка природа, што се клучни за целиот регион. Главната тема на годинашниот бизнис-форум ќе биде „Поврзување на економиите за посилен раст“, а агендата ќе покрие широк опсег на области релевантни за сите држави во кои што ЕБОР работи, како: инвестиции, миграција, туризам, дигитизација. Ќе се водат и дискусии за регионални прашања со фокус на можностите за инвестиции во Западен Балкан.

Европската банка за обнова и развој, како меѓународна финансиска институција што поддржува проекти во над 30 земји од светот, минатата година инвестира 1,1 милијарда евра во државите од Западен Балкан, што е досегашен рекорд, а годинава се очекуваат и дополнителни инвестиции.

Останато

Хари Костов и Комерцијална банка влегуваат во РК Вардар?

Објавено

на

Првиот човек на Комерцијална банка, г-дин Хари Костов најверојатно наскоро ќе биде обелоденет како прв човек и на РК Вардар. (more…)

Продолжи со читање

Останато

7% од кредитоспособните лица, лани зеле брз кредит

Објавено

на

Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сузбивање на сивата економија е можно со здружена стратешка акција

Објавено

на

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема: „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија. На високо ниво, претставниците на Владата, домашни и странски експерти, професори и истакнати стопанственици дискутираа за најголемите предизвици на компаниите во борбата со сивата економија, конкретни решенија за нејзино сузбивање како и очекуваните ефекти за стопанството и економијата од воведување  на нерегистираните субјекти во системот. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange