Останато
Преку „МојДДВ“ кај граѓаните за две години се вратени 36,3 милиони евра

Две години фискалните сметки не се само хартија со бројки, туку сметки кои на граѓаните им враќаат пари. Враќањето пари назад кај граѓаните е реалност во нашата држава и на 399.000 корисници од различна возраст на апликацијата „МојДДВ“, во изминатите две години им се исплатени вкупно 2.238.340.844 денари, односно 36,3 милиони евра како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки, истакна денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска.
„МојДДВ“, како што посочи, ги враќа парите назад кај граѓаните, ја намалува сивата економија, се солидаризира со најпогодените од Ковид кризата и ја поддржува и поттикнува македонската потрошувачка и производство. Во првата година преку „МојДДВ“ вратени се над 670 милиони денари, во втората година над 1,5 милијарди денари, а во првиот квартал од годинава на граѓаните им се вратени 413.758.172 денари.
„Овие бројки се показател дека бројот на корисници и бројот на скенирани фискални сметки се зголемува. Граѓаните веќе знаат дека со сигурност на секои три месеци на нивните трансакциски сметки се исплаќа повратот на ДДВ кој го оствариле и со тоа се зголемува довербата кон институциите. Се потврди дека мерката ги оправдува целите за кои е воведена, ги враќа парите назад кај граѓаните и придонесува за намалување на сивата економија. Под мотото „Мој данок, моја заштеда“ секој граѓанин ја согледа важната улога и одговорност која ја има во овој процес, а тоа е активно да учествува во намалувањето на неиздавањето на фискалните сметки со тоа што како партнер на УЈП ги пријавува ваквите појави”, рече Лукаревска на денешната прес-конференција по повод ,,Две години МојДДВ со граѓаните”.
Потенцира дека благодарение на „МојДДВ“ едно четиричлено семејство може да врати до 28.000 денари годишно во својот семеен буџет.
Посочи дека за време на тешката економска и здравствена криза предизвикана од Ковид-19 преку „МојДДВ“ 5.537 граѓани својот поврат во износ од 5,8 милиони денари го донираа во здравствениот сектор.
„За купените македонски производи веќе неколку месеци се враќа дел од ДДВ во висина од 20 проценти, а за останатите производи 10 проценти од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка. Се реализираше и викенд без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври минатата година во кој 204.088 граѓани купиле македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема при што е остварен промет од 558.176.715 денари и поврат од 122 милиони денари. Апликацијата „МојДДВ“ е достапна на сите смарт мобилни телефони, 10 киоск апарати и 36 бар код читачи во даночните канцеларии на УЈП. Трендот на раст на корисници за нас како институција е доказ дека сме направиле добра работа”, потенцира Лукаревска.
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 3 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер