Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Преку “МојДДВ” вратени над 3 милиони евра кај граѓаните за само три месеци

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека вчера 30.09.2019 (понеделник) заврши првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ којашто се спроведува согласно Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица.

Заклучно со 30.09.2019 година, скенирани се 22,670,713 фискални сметки, остварен е промет од 11,423,978,620 денари, платен е вкупен ДДВ 1,241,434,628 денари, додека повратот на 15 % ДДВ изнесува 186,215,194 денари.

УЈП ги известува граѓаните дека согласно Законот, средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември 2019 година ќе им бидат исплатени на нивните трансакциски сметки до крајот на декември 2019 година.

Следните исплати ќе следуваат во:

  • Февруари за месеците октомври, ноември и декември,
  • Април за месеците јануари, февруари и март,
  • Август за месеците април, мај и јуни,
  • Ноември за месеците јули, август и септември.

Податоците покажуваат дека мерката ги исполнува целите за кои е наменета:
– Ги враќа парите кај граѓаните
– Ја намалува неформалната економија

Криптовалути

Цукерберг ставен на маки – Ја доби првата тужба за Libra

Објавено

на

Facebook не може да крене глава од проблеми поврзани со амбициозно најавената крипто платформа Libra која никако да се етаблира според замислите. Сега Facebook ја доби првата тужба и тоа за нарушување на авторски права, поточно за копирање на лого.

Тужбата ја покрена Current, компанија која се занимава со мобилно банкарство. Нивното лого е речиси идентично како и на Calibra, компанијата која беше основана од Facebook за да управува со Libra проектот.

Логоата на двете компании се изработени од истата фирма, Character од Сан Франциско. Current тврди дека нивното лого било регистрирано неколку дена пред Facebook да објави дека ќе развива сопствена криптовалута и посебен крипто дигитален паричник за управување со трансакциите.

„Facebook ги има сите пари и ресурси во светот. Ако тие навистина сакаат да го направат банкарството повеќе инклузивно, фер и достапно, тогаш требаше да смислат сопствени идеи и брендинг како што ние направивме“, истакна Стјуар Соп главниот извршен директор на Current.

Исто така Facebook ги изгуби речиси сите значајни партнери во Libra асоцијацијата меѓу кои PayPal, e-Bay, Stripe, MasterCard и Visa кои истакнаа дека повеќе нема да бидат дел од платформата и тоа пред да се одржи првиот состанок на бордот на директори во понеделник.

Продолжи со читање

Останато

Средба Ангеловска-Герберих: Трговската размена со Германија пораснала за 18%

Објавено

на

Германија е најзначaјниот трговски партнер на Република Сeвeрна Македонија. Само во првите седум месеци од годинава земјата во СР Германија извезла стоки во вредност 1,8 милијарди евра, што е покачување за 22% во однос на лани, додека вкупната трговска размена пораснала за 18%. За 1,3 милијарди евра извезуваме повеќе стоки во Германија отколку што увезуваме, односно нашата земја остварува трговски суфицит. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Грција за прв пат во историјата издаде благајнички записи со негативна каматна стапка

Објавено

на

Грција денеска издаде благајнички записи со негативна каматна стапка за време на денешната аукција, а грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, рече дека ова се случува прв пат во историјата на земјата, jави дописничката на МИА од Атина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange