Connect with us

Останато

Преку мерката „Мој ДДВ” за првото тримесечје кај граѓаните вратени 491,5 милиони денари

Објавено

на

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека преку мерката „Мој ДДВ” за првото тримесечје од годинава на граѓаните им вратени вкупно 491,5 милиони денари.

Средства се исплаќаат и кај оние корисници кои во изминатите месеци направиле корекции на трансакциските сметки и ги ажурирале во нивниот кориснички профил.

УЈП апелира, граѓаните да внесат точни податоци во апликацијата „Мој ДДВ” со цел навремена исплата.

Крајната горна граница на исплата што граѓаните може да ја добијат како поврат од „Мој ДДВ” е 1.800 денари за едно тримесечје или 7.200 денари годишно по лице.

Согласно статистиката на УЈП, во првите три месеци од годинава, од јануари до март се скенирани 73 041 591 фискална сметка.

„Интересот на граѓаните за користење на оваа мерка секојдневно расте и само во првото тримесечје од годинава регистрирани се нови 15.777 корисници на апликацијата „Мој ДДВ”, а вкупниот број на регистрирани корисници досега изнесува 457.090″, наведува УЈП.

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Објавено

на

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)

Продолжи со читање

Популарно