Connect with us

Останато

Преку Меморандум за соработка Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Македонската Банкарска Асоцијација, ќе се стремат кон раст на е-трговијата

Објавено

на

Денес, меморандум за соработка потпишаа претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација – Д-р Маја Стевкова Штериева и в.д. Претстедателот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – Филип Чижбановски.

Во меморандумот се наведува дека Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) ќе разменуваат информации од заеднички интерес, ќе споделуваат тековни и нови искуства, ќе креираат и земаат учество на настани од областа за е-трговија и ќе придонeсуваат за финансиска едукација и инклузија односно развивање на дигиталната писменост, способности и градење на капацитетен пазар на труд во секторот за е-трговија, како и за развојот на програмите за потребите на корисниците на банкарските услуги. Исто така ќе разменуваат професионални совети и ќе споделуваат тековни и нови искуства.

„Со потпишување на овој меморандум за соработка Македонската Банкарска Асоцијација ќе работи на подобрување на банкарските услуги поврзани со е-трговија, унапредување на транспарентноста, безбедноста, брзината и квалитетот при извршување на услугите и ќе се стремиме заеднички да придонесеме кон подигнување на нивото на едукација на клиентите и зголемено користење на платежните картички во секојдневието.” – вели претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација, Д-р Маја Стевкова Штериева.

„АЕТМ ја поздравува отвореноста за соработка на банките како значајна алка во синџирот на е-трговијата имајќи предвид дека само со заеднички пристап од сите засегнати страни може да се влијае кон подобрување на условите во кои работат е-трговците и да се стекне довербата на онлајн купувачите.“ – вели в.д. Претседателот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Филип Чижбановски.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку потпишување низа меморандуми со засегнатите страни од областа, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република С.Македонија.

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Се заокружи второто тримесечје на МојДДВ за 2020 година, исплата ќе се врши во август

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески: „Ни требаа 12 години да го изградиме брендот, а изгубивме скоро сè за само 6 недели“

Објавено

на

Можете да поминете децении во градењето на вашиот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија на непознат вирус. Ова е точно она што и се случи на компанијата „Airbnb“ и на нејзиниот извршнен  директор Брајан Чески, со појавата на Ковид-19 годинава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно