Connect with us

Останато

Преку веб-платформата „Граѓански буџет“, граѓаните ќе имаат увид во Буџетот на РМ

Објавено

на

Буџетот на Република Македонија станува уште подостапен до граѓаните преку веб-платформата изработена од победниците на ФинХакатонот. Како што беше истакнато денеска на прес-конференција во Министерството за финансии, граѓаните ќе ги дели само еден клик до сите информации за приходите и расходите во буџетот. На овој начин буџетот ќе им стане подостапен на граѓаните.

,,Граѓанскиот буџет на Македонија е убедливо најдобар не само во регионот, туку и пошироко. Тој дава јасен приказ на приходите и расходите во буџетот, како и можност да се направи споредба низ времето колкави биле тие ставки. Има и јасен приказ колкав удел имаат одделните расходи во буџетот. На овој начин граѓаните добиваат информација на што се наменети државните пари, а со тоа имаат и поголема контрола врз нивното трошење” – рече министерот за финансии Драган Тевдовски.

Како што истакна директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, Финхакатонот овозможил младите луѓе да влијаат врз транспарентноста и ефикасноста на една комплексна јавна институција како Министерството за финансии.

,,Преку вакви иницијативи сакаме преку  практична примена на иновации во јавниот сектор да имаме отворени и  транспарентни институции, а граѓаните да добијат поефикасна и  поквалитетна услуга” – рече Деспотовски.

Како што истакна претставничката на тимот кој ја изработи победничката веб-апликација на ФинХакатонот, Елена Андреева апликацијата треба да го направи буџетот разбирлив за сите. Апликацијата овозможува не само да се добијат бројки од буџетот, туку истовремено има и објаснувања за самите ставки, како и споредби со изминатите години со што се добива јасна слика за буџетот.

За Граѓанскиот буџет изработени се и едукативни видеа, кои на едноставен начин го објаснуваат истиот.

,,Видеата се надополнуваат со веб-апликацијата и ја прават сликата уште појасна и поприемчива за целата јавност. Би сакал да истакнам дека она што е добро е што оваа апликација не се однесува само на еден Граѓански буџет, туку е платформа на која и во иднина може да се поставуваат податоци од новите буџети” – рече Стефан Митески од тимот кој го изработи победничкото видео на ФинХакатонот.

Апликацијата за Граѓанскиот буџет е достапна на Македонски, Албански и Англиски јазик.

Граѓанскиот буџет можете да го најдете на http://budget.finance.gov.mk.

Останато

Grouper.mk прогласен за Најдобар Сајт за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата „Сајт на годината“, која се одржа изминатава недела традиционално деветта година по ред, Grouper.mk беше избран за Најдобар Сајт за 2018 година во Република Македонија од страна на гласачите и комисијата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

4 најважни блокчејн трендови за 2019 година

Објавено

на

Додека 2019 година е веднаш зад аголот, дојде време да се размислува за настаните од 2018 година, но уште поважно, да се разгледа она што следната година може да го донесе. Блокчејн технологијата ќе донесе уште многу изненадувања.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Национална конференција: Граѓаните воопшто не се запознаени со мерките за вработување

Објавено

на

Во 2018 и 2019 година во однос на 2017 година е намален износот на средства што се издвојуваат за спроведување на активните програми и мерки за вработување, односно за 44% или 437 милиони денари, рече програмскиот координатор Дарко Антиќ од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ на денешната национална конференција „Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување“. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange