Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Преку апликација ќе се поднесува за поврат на ДДВ

Објавено

на

Електронскиот систем за повратот на ДДВ на граѓаните е подготвен и во мај и јуни ќе се тестира, а за да го остварат ова право на граѓаните нема да им треба никаква електронска картичка или чување на фискалните сметки, туку едноставно со сликање на фискалната сметка и прикачување на посебна апликација.

„Повратот на ДДВ има две важни цели. Првата е да ја отстраниме даночната евазија која официјално е 30 проценти на ДДВ. Граѓаните го плаќаат секаде, но некој тоа не го уплаќа во државната каса. Каде и да мрднете има ДДВ. Целта е граѓаните да бидат инспектори. Тоа значи секој граѓанин да си побара фискална сметка, заради тоа што 15 проценти од ДДВ-то изразено во фискалната сметка ќе им се врати назад. Ако сметката е 1.000 денари, 180 денари е ДДВ и од тие 180 денари 15 отсто се враќа. Од сите сметки меѓу 20 и 30 илјади денари ќе враќа семејство. Интересот ќе биде голем, бидејќи си враќаат пари. Тие нема да земаат од никој што нема да им даде фискална сметка, тие ќе ја завршат улогата на државата, а државата ќе им врати пари“, изјави премиерот Зоран Заев на трибина во Куманово.

Заев рече дека во моментов даночната евазија или скриен данок е 300 милиони евра, а намерата е меѓу 70 до 150 милиони евра да се врати кај народот, а останатиот дел во Буџетот, што пак повторно ќе одат во здравство, образование…

Во мај и јуни ќе почне со тест и објаснување, а повратот на ДДВ на граѓаните стартува од 1 јули.

Останато

Хари Костов и Комерцијална банка влегуваат во РК Вардар?

Објавено

на

Првиот човек на Комерцијална банка, г-дин Хари Костов најверојатно наскоро ќе биде обелоденет како прв човек и на РК Вардар. (more…)

Продолжи со читање

Останато

7% од кредитоспособните лица, лани зеле брз кредит

Објавено

на

Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сузбивање на сивата економија е можно со здружена стратешка акција

Објавено

на

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема: „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија. На високо ниво, претставниците на Владата, домашни и странски експерти, професори и истакнати стопанственици дискутираа за најголемите предизвици на компаниите во борбата со сивата економија, конкретни решенија за нејзино сузбивање како и очекуваните ефекти за стопанството и економијата од воведување  на нерегистираните субјекти во системот. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange