Останато
Преку апликацијата МојДДВ ќе се поттикнува потрошувачката на македонски добра и услуги


Со Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица за време на вонредна состојба (,,Службен Весник на РСМ”, бр.156/2020 од 12.06.2020) е регулирано – враќањето на делот од данокот на додадена вредност пресметан на прометот на македонски добра и услуги се врши во висина од 20%, а за останати добра и услуги се врши во висина од 10%, од пресметаниот данок на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка. Оваа пресметка се врши oд денот на влегувањето во сила на Уредбата со законска сила и не подоцна од 31.12.2020 година.
Со цел имплементација на мерката преку која се поттикнува потрошувачката на македонските добра и услуги, Управата за јавни приходи брзо и ефикасно ја прилагоди апликацијата МојДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе им се изврши поврат во висина од 20%, а за останатите добра и услуги во висина од 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка.
Со овие прилагодувања, за скенираните сметки од 12.06.2020 година, повторно ќе се изврши пресметка, според раздвојувањето на македонски добра и услуги со 20% и останати добра и услуги со 10%, наместо досегашните 15% поврат на ДДВ. Поради оваа повторна пресметка износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесчје може да претрпи промена.
Со оваа нова функционалност, МојДДВ освен враќање назад пари кај граѓаните и борба против неформалната економија, ќе придонесе и кон ревитализирањето на домашната економија, а Управата за јавни приходи уште еднаш се докажа дека е партнер на македонското стопанството во надминување на последиците од здравствено економската криза и поддржувач на домашната економија.
Останато
Лагард: Да се регулира тргувањето со биткоинот поради перење пари


Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, повика на глобално регулирање на трговијата со биткоин, наведувајќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности за перење пари и дека е потребно да се затворат сите „дупки“ во регулативата, пренесува „Reuters“. (more…)
Криптовалути
Биткоинот повторно достигна вредност од близу 40.000 американски долари


Вредноста на биткоинот повторно се искачи на близу 40 илјади американски долари. (more…)
Останато
Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева ги повика владите во светот да трошат што е можно повеќе


Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат во заживување на нивните погодени економии, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Гергиева на годишниот руски економски форум „Гајдар”. (more…)
- Домашни банкипред 2 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 1 month
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 1 month
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Анализипред 2 months
Кои се најплатените професии во земјава?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје