Connect with us

Останато

Преку апликацијата „мојДДВ” вратени 4,2 милијарди денари

Објавено

на

Преку мерката мој ДДВ во изминатите три години се вратени 4,2 милијарди денари, или близу 68,3 милиони евра, информира директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Според Лукаревска, мерката Мој ДДВ има сериозно директно влијание врз подобрување на семејните буџети, зголемување на бројот на издадени сметки, наламување на сивата економија и нелојалната конкуренција.

Информира дека апликацијата стартувала со 212.776 корисници, а денеска брои близу 460.000, како и дека гледано по региони најмногу скенирани фискални сметки има во Скопје и тоа 259 милиони.

Соопшти дека најмногу скенирање сметки има од бензиските пумпи, мали и големи маркети, аптеки, продавници за облека и бела техника, а најголем број од корисниците се жени.

„Жените повеќе ја користат Мој ДДВ апликацијата. До крајот на мај годинава имало 245.924 корисници жени, додека 212 598 се машки. Задоволство е што граѓаните ја прифатија апликацијата од сите возрасти од 15 до 98 години”, истакна Лукаревска.

Додаде дека највозрасниот корисник на апликацијата е од радовишанец и има 98 години.

„Поделено по старосна структра, 1.808 граѓани кои скенирале 1,4 милиони сметки се до 18 годишна возраст, додека 90.829 граѓани се на возраст од 19 до 30 години и тие скенирале 113,2 милиони фискални сметки, 118.085 граѓани на возраст од 31 до 40 години скенирале 177,3 милиони сметки, а 176,9 милиони фискални сметки скенирале 104.695 граѓани на возраст од 41 до 50 години. Граѓаните од 51 до 60 години скенирале 121,4 милиони фискални сметки, додека 75.527 граѓани над 61 година старост скенирале 98,7 милиони фискални сметки во текот на изминатите три години”, појасни Лукаревска.

Информира дека во нареден период во координација со Министерството за финасии ќе поднесат предлог измена на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари.

Ова според Лукаревска ќе претставува стимул и кај граѓаните и кај компаниите, едните да бараат, а другите да издаваат фискални сметки.

Апелира редовно да се ажурираат промените на податоците.

„На овој начин само со точни и валидни податоци ќе се овозможи навремено исплаќање на дел од данокот на ДДВ. Ги потикнувам граѓаните кои сè уште не ја користат оваа апликација да се приклучат кон семејството корисници со што ќе си создадат можност за за дополнителни средства во нивните буџети”, порача директорката на УЈП.

Рече дека за мај 6.250 работодавачи за 16.722 работници имаат поднесено МП пресметки, а немаат исплатено плата на своите вработени, додека 5.211 работодавачи за 10.390 вработени немаат поднесено пресметки во законски предвидениот рок.

„Како и досега преземаме она што е во наша надлжност, доставуваме опомени по истекот на тој рок пуштаме блокади во банките, исто така, навремено информираме и до Државниот инспекторат за труд за координирани контроли, ја доставивме веќе таа листа на компании и имаме доставени решенија за службено утврдување на долг заради неподнесена МП пресметка”, изјави Лукаревска.

Оцени дека е жално што секој месец мора да се објавуваат вакви податоци, наместо да се има почиста слика.

Останато

Што научивме од овогодишната конференција за е-трговија?

Објавено

на

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, на 11-ти ноември се одржа Петтата конференција за е-трговија, на тема “E-commerce. Accelerate!”, на која присуствуваа над 470 лица со физичко присуство, а истата ја следеа и преку 130 лица со онлајн присуство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно