Connect with us

Останато

Презентирани резултатите од ЈИЕ 2020 и Балкански Барометар 2018

Објавено

на

Советот за регионална соработка, чија членка е и Македонија денеска во Брисел ќе ги претстави резултатите од спроведувањето на Стратегијата за раст на регионот на Југоисточна Европа 2020 (ЈИЕ 2020), а утре ќе биде презентирано четвртото истражување на јавното мислење и стопанствениците – Балкански барометар 2018.

Стратегијата и барометарот се составен дел на механизмите, што оваа организација ги користи за следење на развојот и растот на регионот.

Двете алакти заедно даваат одличен пресек на моменталната состојба во земјите од регионот. Резултатите од спроведувањето на Стратегијата на ЈИЕ 2020 ги покажуваат ефектите на сеопфатните реформи кои економиите поединечно ги спроведуваат. Балканскиот барометар дава увид во мислењето на граѓаните и стопанствениците за тие реформи и нивните резултати.

На претставувањето на Стратегијата и ББ предвидено е обраќање на генералниот секретар на Советот, Горан Свилановиќ, како домаќин, додека утре на презентацијата на Балканскиот барометар ќе се обрати и директорката за Западен Балкан при Генералната дирекција на Европската комисија за соседство и преговори за проширување Хеновева Руис Калавера.

Советот за регионална соработка денеска во Брисел го организира петтиот годишен состанок на Управниот одбор на Стратегијата за ЈИЕ 2020, на кој се очекува Одборот да го усвои годишниот извештај за спроведување на Стратегијата.

Целта на стратегијата ЈИЕ 2020 е да ги подобри условите за живот во регионот и да ја врати конкурентноста и развојот во фокусот, внимателно следејќи ја визијата на стратегијата на ЕУ Европа 2020.

Таа ја истакнува заедничката визија на економиите во ЈИЕ да отворат до еден милион нови работни места до 2020 година, овозможувајќи пораст на вработеноста од 39 на 44 отсто, зголемување на вкупната регионална трговска размена за повеќе од двојно од 94 на 210 милијарди евра, пораст на БДП по глава жител во регионот од сегашните 36отсто на 44 отсто и зголемување на пазарот на трудот дополнително со 300.000 висококвалификувани работници.

Балканскиот барометар (ББ) е годишно истражување на јавното мислење, кое го нарачува Советот, а го спроведе агенцијата ГфК во рамки на кое се собираат и анализираат информации од граѓани и стопанственици од регионот на различни теми, како што се вработеност, трговија, инвестиции и корупција.

Во четвртото издание на ББ, спроведено во текот на 2017 година беа опфатени шест илјади граѓани и 1.200 претпријатија.

Советот за регионална соработка е формиран во 2008 година, како наследник на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа. Советот е оперативен орган на Процесот на соработка во Југоисточна Европа и претставува централна точка за регионална соработка. Исто така, дејствува и како форум за перманентно присуство на меѓународната заедница ангажирана во регионот.

Клучната улога на Советот е подготовка и координирање на развојни проекти и создавање политичка клима што ќе овозможи севкупен економски и социјален напредок во ЈИЕ, во полза на луѓето од регионот. Работата на Советот е насочена на пет приоритетни области: eкономски и социјален развој, инфраструктура и енергетика, правда и внатрешни работи, соработка во областа на безбедноста, градење човечки капитал и парламентарна соработка.

Во него членуваат 46 земји, организации и меѓународни финансиски институции. Организацијата има Секретаријат со седиште во Сараево, предводен од генералниот секретар Свилановиќ, кој ја презеде функцијата на 1 јануари 2013 година. Освен седиштето на Сараево, Секретаријатот има канцеларија за врски во Брисел со европски и евроатлантски институции.

Останато

САД им се заканува на државите кои инвестирале во Русија

Објавено

на

Вашингтон го повтори предупредувањето дека може да воведе санкции за западноевропски компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен тек 2“ кон Германија.

Според американската Влада, Москва го користи проектот за да предизвика раскол во Европа.

– Бевме јасни дека постои ризик од воведување санкции за компаниите кои работат во секторот на рускиот енергетски извоз, изјави претставник на американскиот Стејт департмент.

Тој додаде дека Вашингтон смета оти „гасоводот ќе ја поткопа целата енергетска безбедност и стабилност на Европа, давајќи и на Русија уште еден инструмент за вршење политички притисок врз европските земји, особено врз Украина“.

– Русија сфаќа дека овој проект ја дели Европа и го користи за да добие предност, истакна тој.

Пет западноевропски компании инвестирале во „Северен тек 2“ – германските Унипер (Uniper) и Винтерсхал (Wintershall), австриската О Ем Ви (OMV), француската Анжи (Engie) и англо-холандската Шел (Shell).

Продолжи со читање

Останато

84 поиновативни држави од Македонија

Објавено

на

Според “Global Innovation Index 2018„ оваа година Македонија е на 84 место и доживува пад од 23 места.

Од регионот Србија е на 55-тото место, Црна Гора на 52-то место, Хрватска на 41-во, Бугарија на 37-мо и Албанија на 83-тото место. Односно, според нив, сите држави во регионот се поиновативни од Македонија.

На прво место е Швајцарија, по што следуваат Холандија, Шведска, Велика Британија и Сингапур.

За првпат Кина се најде меѓу 20-те наиновативни економии. Од четвртото место минатата година, САД паднаа на шесто, додека Кина напредуваше од 22-та до 17-та позиција.

Индексот на иновации се издава на годишно ниво од страна на WIPO, Универзитетот Корнел и бизбнис школоата INSEAD.

Продолжи со читање

Останато

Зголемување на минималната плата!

Објавено

на

Работодавачите ќе ја зголемат минималната плата со цел да ги задржат своите работници!? (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange