Connect with us

Останато

Презентација на ребалансот на Буџетот и консултации со бизнис заедницата за идни мерки

Објавено

на

Министерството за финансии е во интензивен процес на креирање и подготовка на мерки за поддршка на граѓаните и стопанството кои ќе се применуваат во втората половина од годината. Процесот се одвива во консултации со меѓународните финансиски институции, се земаат предвид искуствата од другите земји, а денеска на заеднички состанок во Министерството за финансии, министерот Фатмир Бесими, со својот тим, дискутираше со претставници на бизнис заедницата за мерките и политиките кои се планирани како и целите на ребалансот на Буџетот за 2022 година што беше усвоен од Собранието.

Говорниците се согласија дека оваа криза има големо влијание и секој треба реално да ја согледа и да преземе дел од товарот. Тоа е трка која не бара спринт, туку решенија кои на долг рок се издржани, се порача на состанокот. Затоа мерките треба да бидат таргетирани и насочени кон најпогодените од кризата.

„Нашиот пристап во работењето е инклузивност на сите засегнати страни. Ова е период во кој се соочуваме со криза и мора јасно да кажеме дека станува збор за голем екстерен шок на кој мораме да се приспособиме, да одговориме на предизвиците и одговорно да управуваме со јавните финансии”, рече министерот за финансии.

Министерот ги запозна присутните со целите на Ребалансот на Буџетот, при што акцент беше ставен на поддршката на стопанството и што се презема за во наредниот период да се одговори на предизвиците кои ги носи кризата, преку таргетирани мерки.

„Во Ребалансот се предвидени 4,7 милијарди денари или 76 милиони евра за антикризни мерки, кои ќе бидат таргетирани и насочени за поддршка на најпогодените категории граѓани и исто така ќе бидат насочени кон најпогодените претпријатија. Дополнителна поддршка која ќе значи влез на финансиски средства во економијата се предвидениот поголем износ за поддршка на инвестиции, средства кои се достапни за компаниите по поволни услови од кредитните линии од Развојната банка, средства за кои се разговара во моментов со Европската инвестициски банка во износ од 100 милиони евра, но, исто така, и програмите во ТИРЗ, Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како и реализацијата на предвидените капитални инвестиции во Буџетот кои се планирани на 520 милиони евра и се на историски највисоко ниво”, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека во насоките по кои се движи Министерството во креирањето политики исклучително е важна соработката со приватниот сектор со кој заедно треба да се одговори на предвизиците од енергетската криза.

Претставниците на најголемите стопански комори во земјава, ги поздравија мерките и политиките што ги презема Владата досега во справување со кризата и упатија порака дека поддршката на претпријатијата е од особено значење особено во периодот што следи, бидејќи тие се извор на приход и на граѓаните, кои се вработени во нив, но и на приходите во буџетот.

Потенцираа дека фокусот треба да се стави особено на поддршката во делот на електричната енергија, бидејќи, како што рекоа, фирмите нема да можат да го издржат долго енергетскиот удар. На состанокот стана збор и за даночната политика, притисокот за раст на платите, а беше потенцирано и значењето на ИТ секторот кој бележи раст во услови на криза.

На состанокот, кој беше инициран од страна на министерот за финансии, присуствуваа претставници од Стопанската комора на РС Македонија, Стопанска комора на Северо-западна Македонија, МАСИТ и Сојузот на стопански комори, како и директорките на Управата за јавни приходи и Царинската управа и претставници од Кабинетот на премиерот.

Останато

Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Објавено

на

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Објавено

на

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Објавено

на

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно