Connect with us

Останато

Презентација на Европски навики за плаќање во 2019 година

Објавено

на

На 19.02 се одржа настан организиран од EOS Матрих на кој темата беше презентација на истражувањето „Европски навики за плаќање“, кое EOS го спроведува веќе 12 години по ред. Целта на настанот беше да се подигне свеста дека неплаќањето на обврски не е проблем само во Македонија, туку е проблем и во Европа и насекаде во светот, колку сме ние далеку или блиску до европските платежни навики, со цел да се идентификуваат мерки и постапки како да се минимизира таа разлика. Како што изјави Катерина Бошевска, директорката на EOS Матрих, во нејзиното поздравно обраќање:

„Кога зборуваме за обврски, зборуваме за одговорност. EOS Матрих како компанија се стреми кон подигање на свеста за таа одговорност.“

Панелистите развија интересна и корисна дискусија за тоа како во напорите за наплаќање пред се треба да се трудиме да бидеме социјално одговорни, да ги заштитуваме интересите на нашите клиенти и како една од најважните работи е да се биде лојален со регулативата.

На што се надоврза директорката Катерина Бошевска:

„Во контекст на она што го говореа нашите панелисти во една можам слободно да кажам одлична дискусија јасно е дека сите ние во напорите да наплатиме мораме да се трудиме да бидеме и социјално одговорни, да ги заштитуваме интересите на нашите клиенти, а од друга страна да сме во линија со регулативата, да ги следиме трендовите на дигитализација и со создавање на една дигитална стратегија суштински да го редефинираме начинот на кој го водиме својот бизнис, што подразбира целосна дигитална трансформација на применетите бизнис модели и приспособување на стратегиите на бизнисот кон новите услови.“

EOS се труди да ја пронајде најдобрата следна акција за нивните корисници во управувањето со побарувањата и во исто време интелигентната употреба, односно евалуација на податоците е од суштинско значење за нивната проценка на ризикот како финансиски инвеститор.

Останато

Растат онлајн купувањата од странство кон домашните е-трговци!

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ ги анализираше објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Мкаедонија, кои се однесуваат на број и вредност на реализирани е-трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци со цел да даде слика каде најчесто имателите на картички од странство купувале онлајн во Македонија во текот на 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Ребаланс за заздравување на економијата и поддршка на граѓаните и стопанството

Објавено

на

Нови дополнителни 76 милиони евра за мерки за заштита на стандарот на граѓаните и поддршка на стопанството се обезбедуваат со ребалансот на Буџетот, како средства за заштита или резерва и во случај на потреба ќе влезат во нов пакет мерки. Се обезбедуваат и дополнителни 52 милиони евра за субвенции за земјоделците, информираше денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта

Објавено

на

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична” дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација. (more…)

Продолжи со читање


Популарно