Connect with us

Криптовалути

Предупредување од Централната банка на Русија: Не купувајте криптовалути!

Објавено

на

Руската централна банка предупреди дека инвестирањето во нестабилни дигитални криптовалути може да доведе до „огромни“ загуби.

Централната банка на Русија ги предупреди инвеститорите да бидат внимателни со ризичните инвестиции.

Во интервју за весникот „Комсомолска правда”, Елвира Набиулина, гувернер на Централната банка на Русија, тврди дека инвестициите во криптовалути се секогаш ризични.

„Загубата на девизниот пазар е многу поизвесна од профитот. Најопасната од сите стратегии е, се разбира, шпекулативните крипто средства“, изјави Набиулина.

„Цените се многу непостојани, а загубите можат да бидат огромни“, додаде гувернерката на руската банка.

Крипто пазарот, во кој вредностите на одредени валути, како што е биткоинот, се искачија на невидени издигнувања, помина низ бурен период што доведе до пад на вредноста, што донесе големи загуби за многу инвеститори, пренесува „РТ”.

Во мај, 15% од вредноста на биткоинот падна преку ноќ откако милијардерот Илон Маск рече дека неговата компанија за електрични автомобили „Tesla” повеќе нема да прифаќа биткоин за трансакции.

Потоа, за време на викендот, инвеститорите се соочија со дополнителни загуби од 200 милијарди долари, а аналитичарите предупредија дека драматичниот пад на вредноста може да продолжи.

Останатите криптовалути, вклучително и Eтериум, исто така забележаа пад на вредноста.

Вредноста на криптовалутите може значително да влијае на одлуката на кинеската централна банка да им забрани на банките да нудат финансиски услуги што можат да се користат за трговија со криптовалути.

Криптовалути

Објавено е првото тргување со фјучерси за биткоин

Објавено

на

Првото тргување на берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше извршено на Волстрит, што значи дека инвеститорите во криптовалути конечно го добија она што го бараа, пренесува „CNN”. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот со рекордна вредност во последните шест месеци

Објавено

на

Биткоинот денеска достигна рекордна вредност во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Ископани се речиси 90% од биткоините во светот: Што по нивното целосно ископување!?

Објавено

на

Биткоинот, најголемата и најпознатата криптовалута во светот, има ограничена понуда на монети, а речиси 90 проценти се веќе ископани. (more…)

Продолжи со читање



Популарно